Новости

ЉУБОВНА ПРИКАЗНА КОЈА ЌЕ ВЕ РАЗНЕЖНИ: По 40 години самотија го пронајде вистинскиот маж- љубовниот живот на новата потпретседателка на САД!

Жената која испиша историја

Новта потпретседалелка на САД, Камала Харис, е жената чија кариера е приоритет со години, одлучи да се омажи пред 6 години. Таа е жената која воедно по изборите на 3 ти ноември, и по победата на Џо Бајден, влезе во историјата, како првата црна личност во американската историја што ја прифати кандидатурата за потпретседател, но и првата личност со азиско потекло избрана да се кандидира за функцијата.

 

(FILES) In this file photo taken on August 20, 2020 Former vice-president and Democratic presidential nominee Joe Biden (L) and Senator from California and Democratic vice presidential nominee Kamala Harris greet supporters outside the Chase Center in Wilmington, Delaware, at the conclusion of the Democratic National Convention, held virtually amid the novel coronavirus pandemic. – Joe Biden has won the US presidency over Donald Trump, TV networks projected on November 7, 2020, a victory sealed after the Democrat claimed several key battleground states won by the Republican incumbent in 2016. CNN, NBC News and CBS News called the race in his favor, after projecting he had won the decisive state of Pennsylvania. His running mate, US Senator Kamala Harris, has become the first woman US Vice President elected to the office. (Photo by Olivier DOULIERY / AFP)

 

Иако е особено посветена на својата кариера и политиката, сепак она што ја интересира јавноста е нејзината љубовна приказна која е доста интересна.

 

Фото Инстаграм/ Даг Имхоф

 

Денеска Камала и нејзиниот сопруг Даглас Имхоф важат за совршен пар, но не секогаш се било така идеално.

Имено Даглас, стравувал дека по првата порака која и ја пратил откако се запозначе во 2013 годинина, Камала воопшто нема ни да му возврати.

 

Фото Инстаграм/ Даг Имхоф

 

Нивната прва средба се случила во 2013 година на иницијатива на нејзината најдобра пријателка Крисет Хадлин која со се сретна со Имхоф се сретнала на деловен состанок. По состанокот,  решила да го запознае со нејзината пријателка Камала- му го дала неговиот број а на неа и наредила да не пребарува на Гугл ништо за него, туку дека мора да се сретне со него пред да открие нешто за него преку Интернет.

 

Фото Инстаграм/ Даг Имхоф

 

Откако ја оствариле првата средба, Имхоф и испратил порака на својата идна сопруга додека бил на натпревар на ЛА Лејкерс, по што и се јавил следното утро оставајќи гласовна  порака. ‘Имхоф сметал дека со својата гласовна порака минимални се шансите Камала да се заинтригира и да му возврати, но сепак тоа се случи и таа возвратила на повикот.

 

Фото Инстаграм/ Даг Имхоф

 

По вториот состанок тој и оставил порака на која пишувало: Јас сум малку стар за овие игри. Навистина ми се допаѓаш и сакам ова да успее “,  а таа не можеше да го одбие тоа.

Тој посакал веднаш да ја запознае со своите деца  тогаш средношколецот Кол и Ела која е во основно училиште- но Камала таа реши да почека.

 

Фото Инстаграм/ Даг Имхоф

 

„Како дете на разведени родители, знам колку е тешко кога вашите родители почнуваат да се гледаат со други луѓе“, напиша таа во мемоарите на Харис.

 

 

Официјалното запознавање со децата се случи два месеци подоцна, а Камала веднаш се зближи со децата кога сфатија дека имаат заедничка љубов кон легендата на соул и џезот, Рој Ајерс.

 

Фото Инстаграм/ Даг Имхоф

 

Харис, е 56-годишна адвокатка и сенаторка од Калифорнија, а на иста возраст е и нејзиниот сопруг.  Нивната комбинација на потекло е доста интересна и ги заинтригира медиумите поради тоа што  Камала има темна кожа и има индиско потекло и е баптист како нејзиниот татко, иако нејзината мајка и ги откри обичаите на хиндуизмот, нејзиниот сопруг е бел, евреин.

 

Фото Инстаграм/ Даг Имхоф

 

На нивната венчавка во 2014 година, Имхоф носеше цветен венец околу вратот, за да му оддаде почит на нејзиното индиско потекло, и заедно тие, според еврејскиот обичај, згазнаа на стакло. За сенаторката која 40 години важеше за соло жена посветена на кариерата, тоа е прв брак, додека Имхоф има еден неуспешен брак зад себе, од кој има две деца.

 

 

Но и покрај се, тие се среќни заедно а тој е нејзината најголема поддршка.

„Важно е да можете да се смеете заедно, а ние со задоволство и често се смееме“, рекоа тие во првото заедничко интервју дадено преку Зума за новиот број на списанието „Пипл“.

 

Фото Инстаграм/ Даг Имхоф

 

Камала пред да влезе во Сенатот, беше министерка за правда на Калифорнија шест години, а пред тоа беше окружен правобранител во Сан Франциско.

Таа во јавноста важи за жена која целосно е посветена на кариерата, па во една прилика откри зошто речиси секогаш била слободна, и не се решавала за долги љубовни врски.

 

Фото Инстаграм/ Даг Имхоф

 

„Знаев дека ако донесам маж на некој настан, луѓето веднаш ќе започнат да шпекулираат за нашата врска“, рече Камала која беше во врска со Имхоф шест месеци пред да го покани на нејзиниот јавен говор. Во март 2014 година, тој беше подготвен да ја запроси за време на нивниот одмор во Фиренца, но нешто тргнало наопаку, па тој возбудено решил да ја побара за жена додека се паркирале и разговарале дали да нарачаат храна за носење.

 

Фото Инстаграм/ Даг Имхоф

 

Кога сфатила дека неговата реченица „Сакам да го поминам мојот живот со тебе“ не беше само реченица, туку беше предлог за брак  Камала започнала да плаче.

Денеска тие се среќни заедно, и Камала неодамна рече дека се обидуваат да ги усогласат распоредот и обврските, но и дека редовно се слушаат.

 

Фото Инстаграм/ Даг Имхоф

 

“Се обидуваме да ја поминеме секоја вечер заедно. Така успеваме да ги надополниме сите пропуштени разговори”.

За неа Имхоф е вистнскиот маж, и вистински суперхерој како што го нарекуваат медиумите.

 

Фото Инстаграм/ Даг Имхоф

 

Тој е таму за да ја заштити од сè. На пример, во 2019 година, кога таа држеше говор, еден демонстрант истрча на сцената, а Имхоф и помогна на својата сакана сопруга дури и пред тоа да го направат членовите на обезбедувањето, исто како суперхерој.

 

Камала има и добри односи со неговата поранешна сопруга Керстин, па тие две често знаат да навиваат заедно на детските натпревари.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close