Бременост

Милионер на 76 години ќе стане татко на близнаци – неговата сопруга е 40 години помлада од него

Тој има 76 години, а таа е 40 години помлада од него

Милионерот чека близнаци со својата 40 години помлада сопруга

Макс Делмег е 75 годишен британски милионер, а неговата сопруга Сем (36) веќе со години се обидува да забремени.

Но по неколку спонтани, и дури 23 циклуси со вештачко оплодување овој пар конечно сподели среќни вести – во јануари следната година очекуваат да им „пристигнат“ близначиња, пишува Дејли Меил.

Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ

По шест години конечно среќни вести

Имено, медицинската сестра и милионерот на приновата чекаа цели шест години. За да станат родители тие направија постапка на медицински потпомогнато оплодување, а нивното искуство и двајцата редовно го споделуваа со нивните пријатели преку социјалните мрежи. Не е тајна како Сем, во обидот да стане мајка, имала спонтани абортуси и тоа дури пет пати.

Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ

Бројните обожаватели на овој пар се воодушевија кога Сем ги сподели вестите на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ

Таа сподели фотографии од трудничкиот стомак на Фејсбук покрај кои напиша: „Ова беа шесте најдолги години во нашите животи. Сепак, не можевме да се откажеме од единствената цел која што ни е на ум веќе подолго време. Конечно дојде моментот со сите да споделиме дека јас и Макс очекуваме не едно, туку две бебиња кои би требало да стигнат во јануари“, напиша среќната идна мама.

Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ

Љубов на прв поглед

И покрај тоа што меѓу нив има 40 години разлика, Макс во бројните интервјуа што ги има дадено досега тврдел дека во медицинската сестра се вљубил на прв поглед, а таа вели дека го почувствувала истото. Се запознале пред пет години, на п*гpeб – кога Сем го читала прошталното писмо на по*инатиот, кој му бил пријател на Макс. Љубовта меѓу нив веднаш пламнала, па парот наскоро застана и на лудиот камен, и тоа во зоолошка градина и од тогаш сакаат да добијат дете.

Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ

За вонтелесно оплодување тие потрошија многу пари, но сега се пресреќни што Сем конечно е бремена.

Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ
Фото: Инстаграм/ ТимДелмиџ

Извор: Стору.рс

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close