Новости

Пекарот кој бесплатно делеше леб и го воодушеви светот, за жал го загуби животот од коронавирус!

Бернардинело правел леб и пекарски производи за неговите сограѓани

Хуманиот гест на 76 годишниот италијанскиот пекар Џиани Бернардинело го воодушеви светот.

Фото/ milano.corriere.it

Имено од самиот почеток на пандемијата со Ковид-19, кога Италија, беше една од најпогодените земји од овој вирус, пекарницата на Бернардинело именувана по неговиот прекар „Берни“ стана место за собирање на пекарски производи за донирање на сиромашните.

Во оваа пекарница и другите можеа да донираат храна а со тоа Бернардинело имаше време да направи уште повеќе пекарски производи за да им помогне на своите сограѓани.

Фото Њујорк Тајмс

Идејата за вакво нешто ја добил од самиот почеток на пандемијата кога многу луѓе во Италија, започнаа да ги губат своите работни места.

Тогаш тој почна да поставува корпи полни со леб, пица и слатки пред пекарницата, пишува Њујорк Тајмс.

– Нека земе кому му треба. Помогнете и на другите – стоеше на натписот над корпата.

По поставувањето на корпата, Бернардинело веднаш влезе во пекарницата, така што никој што има потреба не би се срамел да го земе пекарскиот производ.

Republicca Milano

– Освен што ставаше топло и меки производи преку ден, по затворање на пекарницата, тој редовно го оставаше целиот вишок од денот во корпата.

Нажалост Бернадинело на почетокот на ноември по*ина како последица од коронавирусот.

– Оваа пекара работи 130 години без пауза. Таа дури работеше за време на бом бардирањето во 1943 година. Ниту сега нема да запре – тој секогаш и го велеше тоа на својата ќерка.

 

Животната приказна на пекарот

Бернардинело е роден на 22 декември во близина на Милано. Неговиот татко Алдо работел во фабрика за автомобили, а неговата мајка Карла била домаќинка.

Бернардинело започнал да работи на 12-годишна возраст за да му помогне на своето семејство, најпрво бил фотограф, а подоцна започнал и сопствен бизнис со волна.

Во кризата во 1980 година, тој размислуваше за промена во кариерата, па во 1989 година купи пекара.

Иако претходно никогаш не печел леб, сепак стариот пекар сфатил дека станува збор за занает, па Бернардинело брзо научил да прави леб, и останати пекарски производи.

Пекарницата го доби името по неговиот  прекар „Берни“ и наскоро стана мето за собирање донација за оние на кои им е најпотребно.

Луѓето со задоволство застануваа на кафе кај нeго или го посетуваа за да дознаат некоја интересна приказна.

– Мораме да помогнеме како што знаеме и колку што можеме. На луѓето секогаш им е потребен леб, а јас можам да си го дозволам тоа – рече тој во една прилика.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close