Uncategorized
Јули е месецот кој носи „џебови полни пари“: Магичен месец во кој еве како можете да ја привлечете енергијата на богатството
Зошто јули 2020 година е месецот на богатството и изобилството и зошто се верува дека носи „џебови полни пари“?
Во месец јули 2020 година имаме 5 среди, 5 четвртоци и 5 петоци, a ваков период се случува ретко и со себе ја носи енергијата на богатството… барем така тврди древното кинеско фенг шуи верување.
Гласините на интернет велат дека овој феномен се случува еднаш во 823 години, но тоа не е точно.
Овој број на денови се случува еднаш или два пати во текот на секоја година, а на вас ви останува само квалитетно да го искористите.
Според фенг шуи традицијата овој феномен се нарекува „џебови полни пари“ или „сребрени џебови“. Се верува дека називот го добил според легендата за Пу Таиу, попознат како Насмеаниот Буда.
Фигурата со насмеаниот Буда можете да ја видите во многу азиски ресторани. Насмеаниот Буда е симбол на будистички монарх кој според верувањата имал само торба од коноп која секаде ја носел со себе. Иако бил материјално сиромашен, околу себе тој делел голема мудрост и добро расположение. Денес фигурата од Насмеаниот Буда се користи за привлекување на богатство, изобилство.
Според фенг шуи верувањата, во месеците во кои има три пати по 5 исти денови, шансата за привлекување на богатството е значително поголема.
Затоа, доколку сакате да ја тестирате моќта на древните кинески верувања, овој јули следете ги следните фенг шуи инструкции и привлечете ја енергијата на богатството и изобилството во својот дом преку следните чекори:
1. Исчистете го целиот дом и исфрлете ги непотребните работи, особено под креветот. Нередот го попречува протокот на почитивната чи енергија низ вашиот дом.
2. Често отворајте ги прозорците и вратите на просториите со цел енергијата да може слободно да тече.
3. Поправете ги расипаните и скршени работи или исфрлете ги од домот. Ова особено се однесува на некоја расипана чешма од која постојано тече вода. Се верува дека носи лоша фенг шуи енергија и дека неконтролираното течење на вода од чешмата го симболизира недостатокот на пари.
4. Закачете огледало во трпезаријата, со цел оваа енергија да се размножува.