UncategorizedКафе муабет

На овие три знаци ќе им се насмевне среќата во август- младата месечина носи нови предизвици!

Астролозите истакнуваат дека енергијата на оваа млада Месечина ќе биде исклучително поволна и полна со радост...

Младата месечина во знакот Лав ни доаѓа во полн сјај. Секоја нова лунарна фаза на младата месечина не потсетува на свежа енергија, радост, позитивни промени и не охрабрува да продолжиме, кон нови победи. Тоа се случува во исто време кога се отвора Лавовската порта и владее магична серија на броеви 8 – 8!

foto kolomna-news.ru

Астролозите истакнуваат дека енергијата на оваа млада Месечина ќе биде исклучително поволна и полна со радост, а знакот на Лав во кој се наоѓа ја буди внатрешната сила, самодовербата и потребата да се остварат соништата.

foto haber.ba

Хороскопот открива врз кои 3 знаци младата месечина во Лав на 8 август ќе има најповолно влијание:

Овен

Радосната млада Месечина во знакот на Лавот поттикнува креативна работа, уметничка инспирација и чувство за естетика. Ве очекува нов почеток полн со искрена страст. Сега навистина ќе се посветите на посакуваниот животен пат.

фото илустрација

Фокусирајте се на она што го сакате, инвестирајте во вашите врски и ќе го добиете она што навистина го сакате, остварете ги вашите амбиции и надежи. Фокусирајте се на планови и проекти што ве прават среќни со многу ентузијазам, волја и незапирлива мотивација. Создадете и негувајте ја вашата среќа. Младата месечина ги истакнува вашите таленти и креативност, затоа бидете подготвени за голем план или поставете си цел за нешто големо.

фото илустрација

Единственото нешто што може малку да ве вознемири се вашите финансии, но и тоа е привремено. Ова ќе биде навистина прекрасен период за оние во знакот на Овен – полн со добра енергија и успех!

фото илустрација

Рак

Младата месечина во Лав за ракот носи среќа и напредок во областа на финансиите.

Сега е идеално време да размислите во што ќе ги инвестирате вашите пари за да имате дополнтелни приходи подоцна. Размислете како можете да заработите од вашиот талент.

фото илустрација

Замислете нови потфати, проекти и деловни амбиции – можете да постигнете сe што сакате, само активирајте се. Ве очекуваат вредни добивки и награди. Јупитер и Сатурн минуваат низ вашата осма куќа и ве потсетуваат да поминете повеќе време со пријателите или семејството.

Важно е да не дозволите љубовта да страда поради работата, и ако најдете рамнотежа, сe ќе биде одлично.

фото илустрација

Младата Месечина навистина ви носи многу среќа кога се во прашање парите, затоа добро размислете како да ја искористите новата финансиска ситуација.

фото илустрација

Вага

Младата месечина ќе има најповолен ефект врз вашите врски, особено на полето на пријателство. Можно е да запознаете некои луѓе кои ќе ви значат многу во иднина, но тие исто така можат да ви донесат поттик да се развивате се повеќе и повеќе.

Ќе имате голема харизма, па можни се промени на полето на љубовта. Јупитер и Сатурн во вашата куќа на љубовта и романтиката носат мир, нови интереси, интересни пресврти.

фото илустрација

Се чувствувате исполнето, го фокусирате вниманието на позитивни ставови. Ова е период на заедништво, па затоа ве очекува посебен успех на работа ако сте тимски играч.

Добро време е да се посветите на хоби или спорт – размислете да се запишете на курс што може да ви помогне да се развиете уште повеќе.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close