Брак

Прекрасно писмо од една мајка: Драг мажу, ти благодарам што си овде

Мојот сопруг е најдобриот маж, татко и син.

Јулиан е мајка на едно девојче (наскоро две!). Сопругот го запознала пред 11 години на факултет и не може да биде погорда на животот кој заедно го создале. Тоа го покажува и она што таа го пишала за него.

Мојот сопруг е грижлив и несебичен. Секојдневно се жртвува и е првата личност која ја пружи раката кога ми е потребна помош. Тој знае да ми го разубави денот со својот хумор или да ми ги смири стравовите со најдобрата прегратка која некогаш сум ја добила.

Тој е мојата потпора. Кога се враќа дома по напорниот ден, тој не трча кон каучот за да се опушта. Седнува на вечера со своето семејство, помага во чистењето, поминува време играјќи со нашата 15-месечна ќерка и ја менува рутината за спиење заедно со мене, за да можеме да имаме неколку време за нас. Тој тоа го прави среќно и без да се жали. Тој е неверојатен родител. Кога работи ноќна смена, се буди само после 5 часа спиење, за да си игра со нашата ќерка, да работи по дворот или да ги извршува домаќинските работи.

Моментално ја очекуваме нашата втора ќерка, а мојот сопруг е во потрага за некој час плус, за полесно да можеме да ја започнеме авантурата како четиричлено семејство. Секој ден се чувствувам благословено затоа што го имам овој човек во мојот живот, односно во нашите животи. Моите ќерки имаат неверојатен татко и одличен пример.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close