MAMA

Татко открива како конечно сфатил зошто мајките наутро се будат уморни

Приказна која разјаснува многу работи.

Клинт Едвардс, познатиот блогер и татко на три деца, но и автор на духовни книги за родителството, никако не можел да сфати зошто неговата сопруга наутро се буди уморна, без разлика што нивните деца спијат цела ноќ. На крај сепак се’ му станало појасно. Неговата приказна ви ја пренесуваме во целост.

Нешто после 8 часот наутро, мојата сопруга Мел ми рече дека не се наспала, а јас само ја прашав кога си легнала. Имаме три деца и сите спијат цела ноќ. Не ми беше јасно како не се наспала, единствено ако не останала будна подолго, тоа што најверојатно и направила.

„Околу 1 по полноќ заминав да спијам“, ми рече Мел, видно уморна. Јас отидов во кревет нешто пред 22 часот, а мојата сопруга рече дека ќе остане уште малку. Но. очигледно тоа не се случило. Ѝ реков дека не ја жалам, зашто ова не ѝ е прв пат да остане будна доцна до ноќта. Откако имаме деца си легнувам рано, всушност, добриот сон ми е приоритет во животот. Но, Мел не е таква.

Откако повеќе пати ја прашав зошто не ми одговара на прашањето, таа седна на каучот и замислено гледаше. Седнав покрај неа и токму кога сакав повторно да ја прашам, Мел ми одговори: „Целиот ден го поминувам со децата. Целиот ден. Но, кога децата ги нема наоколу, јас сум со тебе, што е супер, но кога не сум со тебе, јас сум со децата. Едноставно сум… “ на момент се замисли и рече: „Ми треба време“.

„Сакам да седам на каучот и никој да не вика по мене. Сакам некое време никој да не ме допира. Понекогаш, кога децата се по цел ден околу мене, залепени за моето тело, се чувствувам сериозно оптеретена. Ми треба време само да седам и га гледам во било што, само не во Пепа Пиг или Минекрафт. Сакам мир и тишина, а ноќта е единственото време кога се чувствувам како тогаш кога не бев мајка“.

Никогаш во нашиот брак не мислев дека тоа е проблем. Претпоставувам дека Мел сака да биде мајка. Тоа не значи дека не сме разговарале за предизвиците кои ги носи родителството, но не знаев дека ѝ треба време за да се чувствува како не-мајка.

„Не сакаш да бидеш мајка?“ ја прашав.

„Сакам деца, но тоа нема врска со мајчиството. Тоа има врска само со тоа дека сакам да бидам сама. Понекогаш ни тебе не те сакам покрај мене“, ми одговори Мел, па додаде: „Те сакам и тебе и децата, само ми треба време да бидам јас. Никој ништо да не ме прашува, никој да не се кара за ова или за она. Никој ништо да не ми бара. Тоа ми е поважно од сонот. Дали сега ти е појасно.“

„Не баш“, одговорив, но решив да ја почитувам нејзината одлука. „Вечерва повторно ќе останеш будна?“

Кимна со главата.

„Во ред. Ќе те оставам на мир.“

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close