Кафе муабет
Има Даунов синдром и големи соништа: Се појави на модната недела во Њујорк и го воодушеви модниот свет
Моника е доказ дека само небото е граница...
14- годишната Моника Мајерс од Канада е една од првите манекенки со Даунов синдром.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/моника-е.png)
Таа пред светот докажа дека Даунов синдром не е пречка за исполнување на соништата и среќен живот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/моника-ј.png)
Исто така, Моника е потсетник за сите родители да веруваат во своите деца и никогаш да не ги ограничуваат, бидејќи и за нив небото е граница.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/моника-јса.png)
Иако никогаш не можеше да замисли дека ќе се појави на модната писта, таа го оствари својот сон и се качи на сцената на престижната модна недела во Њујорк.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/моника-л.png)
Како што вели, кога излегла на пистата се чувствувала храбро и убаво.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/моника-њ.png)
– Пријателите не можеа да поверуваат кога ме видоа во прекрасен фустан, со надградени трепки и фризура – изјави Моника по ревијата.
Нејзината мајка Стефани ја придружуваше на ревијата и призна дека се расплакала кога ја видела ќерка си на модната писта.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/моника-о.png)
– Не ни сонував дека може да го направи тоа, ме направи толку горда. Од најрана возраст сакаше се што е поврзано со фризурата, шминката и фустаните. Секогаш славевме се што прави и ја ценевме, а таа никогаш не се двоумеше да застане пред камера.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/моника-ое.png)
-Последниве години инспирација наоѓаше кај манекенките со Даунов синдром и тоа ја поттикна да почне да се занимава и самата со манекенство, изјави мајката на Моника.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/моника-п.png)
Нејзината кариера тргна во нагорна линија, а тоа го докажува и ревијата на која беше модел, а многумина и предвидуваат светла кариера.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/моника-у.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/моника-х.png)
Примерот на Моника не е единствен и тоа е добро бидејќи може да се каже дека проработе свеста кај модните компании. Она што исто така изненади многумина е порториканската манекенка Софија Јирау влезе во историјата како првата личност со Даунов синдром што се појавила во еден од најпознатите светски брендови Victoria’s Secret.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/софија-5.png)
24-годишната девојка беше претставена во новата кампања за колекцијата долна облека Love Cloud.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/софија-4.png)
-Сонував дека еден ден ќе се случи, работев напорно на тоа и денес тој сон се оствари и конечно можам да ја откријам мојата тајна. Јас сум првиот модел на Викторија Сикрет со Даунов синдром, напиша Софија на Инстаграм.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/софија-6.png)
Јирау дебитираше како модел на модната недела во Њујорк пред две години.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/софија-даун.png)
-Мојата манекенска работа во САД беше почеток на мојот сон: одење по најважните писти во светот. За мене најважно е да им покажам на луѓето ширум светот дека нема граници и да ги инспирирам да ги следат своите соништа, напиша Јирау на својата страница.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/софија-даун-7.png)
Во 2019 година, таа лансираше и своја линија на облека и модни додатоци, кои ги нарече „I like It“.
Кампањата доаѓа откако Victoria’s Secret минатата година објави голема ревизија на својот бренд.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/софија-1.png)
Имено, брендот со години трпи критики од застапниците кои инсистираат на различност на телото. Овој бренд инаку е познат по високите и слаби „ангели“.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/софија-2.png)
„Колекцијата Love Cloud е важен момент во еволуцијата на брендот“, рече Раул Мартинез, новиот креативен директор на брендот, во соопштението за печатот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/софија-3.png)
Уште на почетокот многумина беа воодушевени од појавата на Софија, која е храбра млада девојка што има за цел да ги сруши сите предрасуди и да им покаже на луѓето како неа дека може да се успее во сонот само доколку вистински се сака.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/софија-8.png)
– Родена сум за ова и сакам да му покажам на светот како секој модел треба да блесне – напиша таа на социјалните мрежи.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/софија-10.png)
Софија е среќно заљубена и често објавува фотографии со нејзиното момче на социјалните мрежи…
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/софија-момче.png)