Кафе муабет

Втора шанса за љубов : Цеца во прегратките на поранешниот- љубовта победува се

Ќе даде шанса на поранешното момче...

Љубовниот живот на Цеца Ражнатовиќ постојано е под бурното око на јавноста а веќе извесно време во медиумите ништо не се знае за тоа со кого ги поминува деновите фолк-дивата.

фото принтскрин

Откако во нејзиниот живот пристигна внукот Жељко, брзо стана центар на нејзиниот свет, па се чини дека улогата на баба и е доволна и дека нема многу простор за емотивен партнер.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Она што сега ја заинтригира јавноста е тоа што, нумерологот Гоца Драгишиќ за весникот Стар откри дека во 2023 година Цеца ќе и се врати на старата љубов.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Па ако им се верува на ѕвездите, љубовната ситуација на фолк дивата целосно ќе се промени во наредната година и се очекува таа да биде исполнета на љубовен план.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

– Кога станува збор за љубов, од мај се почесто ќе размислува за минатото, а тоа нема да биде случајно. Ја советувам овој пат да не го слуша своето срце, туку да владее со разумот, а тоа толку добро го прави. На почетокот на летото, маж со кој веќе била ќе се обиде повторно да влезе во нејзиниот живот, но по сплет на околности ја прекинале таа врска. Ако чувствува пеперутки, треба да му даде шанса бидејќи тоа може да се развие во убава љубовна приказна – изјави нумерологот за споменатиот медиум.

фото инстаграм/Богдан Срејовиќ

Инаку Цеца пред повеќе од една година беше во врска со менаџерот Богдан Срејовиќ кој и стана познат на јавноста кога фолк дивата Цеца Ражнатовиќ ја обелодени нивната врска.

фото инстаграм/Богдан Срејовиќ

Медиумите тогаш предвидуваа и брак но на крајот иако се беше хармонично и се чинеше дека врската помеѓу менаџерот и пејачката цвета, сепак тие раскинаа по една година врска.

фото Инстаграм/Богдан Срејовиќ

Не е тајна дека Богдан Срејовиќ, поранешното момче на Цеца, беше крајно вознемирен и тажен по раскинувањето со фолк-дивата, што беше и очекувано.

фото Инстаграм/Богдан Срејовиќ

И покрај болката поради раскунувањето со неговата љубов, тој се врати на секојдневните обврски кои ги има кон неговата ќерка Искра, која е круна на неговиот брак со манекенката Зоран Тасовац, која денес е во врска со Саша Ковачевиќ.

Фото Инстаграм/Богдан Срејовиќ

По раскинувањето со Цеца, Богдан Срејовиќ реши поголемиот дел од времето да го посвети на својата наследничка, која секогаш успева да го насмее, дури и кога не му е до смеење.

Фото Инстаграм/Богдан Срејовиќ

Богдан по врската со Цеца беше поврзуван со многу девојки а не е познато дали бил задоволен што го поврзуваат со познати и помалку познати дами и поради таа причина останал таинствен, но сега очигледно решил да престане со сите гласини, и гордо да му ја покаже на светот својата избраничка со која заплови во емотивна врска откако ја преболи Цеца.

фото инстаграм/Дарија Азоузи

Во неколку наврати се пишуваше како неодамна бившиот на Цеца е среќно вљубен, и како среќата ја нашол покрај убавата Дарија, а неодамна се појави и фотографија која може да сведочи за тоа.
Имено, додека уживале во вечера во престижен ресторан, новата девојка на Богдан Срејовиќ го овековечила романтичниот момент и го објавила на социјалните мрежи.

фото инстаграм/Дарија Азоузи

Рака под рака и краткиот коментар „Љубов“ доволно кажуваат дека тој не сака да ги крие емоциите, а потврда за љубовта стигна и од Богдан, кој веднаш ја сподели објавата на својот профил.

фото инстаграм/Дарија Азоузи
фото принтскрин
фото инстаграм/Дарија Азоузи

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close