Кафе муабет

Погледнете како изгледаат внуците на Цеца: Синовите близнаци на Лидија станаа фудбалери (ФОТО)

Тие се поддржуваат една со друга...

Синовите на Лидија Оцокољиќ од првиот момент кога заедно со нивната тетка Светлана Цеца Ражнатовиќ се појавија на насловната страница на списание за познати личности, ги освоија срцата на пошироката јавност.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Преслатките близнаци Петар и Илија тогаш предизвикаа само позитивни коментари, а како најмлади членови на големото семејство Ражнатовиќ-Оцокољиќ го привлекоа целото внимание на своите родители, сестри и браќа.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Со раѓањето на малиот Жељко Ражнатовиќ, нивната позиција во вилата во Љутиче Богдана значително се промени, на што влијаеше и тоа што Петар и Илија сега се поголеми, самоуверени момчиња кои уживаат во дружењето со своите школски другари и нивните должности.

фото стори.рс

Колку и да се слични, тие имаат свој мал, за другите, забранет свет и секој што ќе ги види денес не може а да не добие впечаток дека прераснуваат во прекрасни, многу независни момчиња.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Синовите на Лидија Оцокољиќ се многу грижливи чичковци и со големо внимание го третираат малиот Жељко.

Гордата мама неодамна ги сликаше како заедно гледаат серија, а сите тројца го носат дресот со број шест.


Инаку неодамна и ќерката на Лидија Оцокољиќ ги собра сите погледи и беше главна тема во медиумите.
Кога се појави на роденденот на својата братучетка Анастасија, многумина не можеа да си поверуваат колку Хелена пораснала.


Имено Хелена Оцокољиќ,внуката на Цеца, предизвика воодушевување меѓу присутните гости кои беа на забавата кај Анастасија Ражнатовиќ.

фото стори.рс

Внуката на Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави дотерана во кусо фустанче со нејзината мајка Лидија, а на многумина не им се веруваше колку пораснала и колку се променила.

ФОТО Ata Images

Хелена која има 17 години на споменатиот настан блесна во краток фустан и високи потпетици, а многумина ја споредуваат со модел бидејќи е висока околу 180 сантиметри. Со долгите нозе, беспрекорната шминка и фризурата Хелена го украде шоуто.

фото Хелло магазин

На фотографиите може да се забележи дека Хелена многу личи на својата мајка, а изгледа дека убавината е во нивните гени.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Познато е дека Цеца и нејзините сестра Лидија се неразделни, а со неа се многу блиски и Вељко и Анастасија.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Инаку, Лидија Величковиќ Оцокољиќ и нејзиниот сопруг Предраг, поранешен фудбалер, се во брак 16 години.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Покрај Хелена, тие имаат уште три деца – синот Виктор и близнаците Илија и Петар.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close