Кафе муабет

Зошто партнерот треба да го сакате повеќе од децата?- ова мора да го знаат сите!

Пред да ги свртиме очите гласно кон оваа изјава  да обвинуваме, треба да размислиме...

Истражувањата покажаа дека децата кои растат во семејство каде партнерите се сакаат без да ги кријат своите емоции, растат посреќни, посигурни и посмирени.

Постојано имаат модел на љубов пред себе. И ние знаеме дека љубовта е двигател и со неа доаѓа целата среќа во животот.

Да, откако ќе станете родители се менуваат многу нешта. Секако родителската љубов кон децата е голема. Можете да направите сопствен список на работи што ги правите за вашите деца. Зошто? Затоа што ги сакате.

Психолозите го тврдат следново: една во низата луди работи што родителите ги прават за своите деца, е тоа што ги сакаат повеќе отколку нивните партнери.

Пред да ги свртиме очите гласно кон оваа изјава  да обвинуваме, треба да размислиме.

Никој не го оспорува фактот дека треба да ги сакате своите деца, да ги ставате нивните потреби пред вашите, да го испланирате слободното време врз основа на нивните обврски и слично. Децата треба да се хранат, да се капат и да се грижите за нив. Тоа е сосема јасно. Вие не треба да го храните, капете или да се грижите за вашиот партнер како да ви е дете. Да сакате дете е како да посетувате основно училиште – тоа е обврска што законски не можете да ја избегнете. Да сакате партнер е како да посетувате колеџ – тоа е ваш избор.

Portrait parents and daughter at home

Истражувањата исто така покажаа дека партнерите кои не се склони кон решавање конфликти се во состојба да го пренесат стресот предизвикан од проблеми во врската на своите деца. Децата кои растат среде нездрав брак го пренесуваат таквото однесување во понатамошниот живот. Нивниот успех во училиште е сомнителен, исто така и нивните односи со општеството, и тие имаат проблематичен став кон решавање на проблеми. Една од најдобрите работи што можете да им ги понудите на вашите деца додека растат е да го сакаате својот партнер. За нив нема ништо поубаво од околината во која се обожаваат родителите.

Во 2010 година, група психолози спроведоа истражување и собраа одговори на прашањето: што го прави животот среќен – деца или добар брак? Повеќето луѓе одговариле деца. Потпирањето на децата за среќа е краткорочна среќа, велат психолозите. Децата се мали краток период, зависат од вас само неколку години, потоа растат, стануваат тинејџери и на крајот возрасни со своите желби и потреби. Потоа тие ја напуштаат куќата.

Денес, родителите се толку посветени на своите деца што родителската насока беше наречена „родители  хеликоптер“. Во одреден момент, токму децата ги одржуваат во живот врските на партнерите. Откако тоа ќе престане, бракот се распаѓа бидејќи партнерите повеќе не се обврзани со ништо. Забележана е дури и високата стапка на разводи на парови во шеесетти години.

Геронтолозите откриле дека повеќето парови, во поодмината возраст, не се сеќаваат на времето поминато заедно со нивниот партнер. Сеќавањата што ги носат најчесто се однесуваат на децата кога биле мали. Заклучено е дека партнерите, од посветеност на децата, се откажале да се посветуваат едни на други.

Единствениот начин да се стави крај на ова е секогаш да се има предвид дека децата не се единствениот лепак што го држи парот заедно.

Запомнете зошто се заљубивте еден во друг. Запомнете што ве прави среќни со вашиот партнер, како тој ве тера да се смеете, како тој ве разбира и ве сака.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close