Кафе муабет

Метеорологот Славчо Попоски удри по хејтерите: “И Тоше го нарекувавте хoмoсeксуалец, плукавте по него а потоа ви стана ангел”…

Упати порака до оние кои негативно коментираат за него...

Метео прогнозерот Славчо Поповски кој ја информира јавноста преку социјалните мрежи за сите промени, дава детални анализи за времето во државата изреволтиран од негативните коментари од како што ги нарекува “Тастатурските Јунаци” реши да се огласи и преку својот официјален Фејсбук профил посвети порака до оние кои му завидуваат.

фото Фејсбук/Славчо Попоски

Славчо во својот статус го спомена и покојниот македонски пејач Тоше Проески и видно изреволтиран истакна дека додека бил жив многумина даваа критики за него, но по неговата см-рт истите тие го нарекуваа ангел…

фото Фејсбук/Славчо Попоски

Објавата на Славчо ја пренесуваме во целост…

фото Фејсбук/Славчо Попоски

-Последна објава во мојот живот поврзана за “Тастатурските Јунаци” : Поплави во регионот, еве поплави и во Македонија и поплавени куќи особено во Струшко Враништа! Што мислете вие тастатурски јунаци на какви поплавувања мислам кога најавувам? На оние кои предизвикуваат недај Господе човечки жртви и тоа го чекате за да биде прогнозата успешна? Хаха се лажете и тоа гадно се лажете! Вие пукате од мака и за тоа што заработувам и од многу други страни е тоа вие болката! Во оваа прилика сакам да го споменам и покојниот Тоше Проески, додека беше жив го правевте лош човек и Хомосексуалец, што јас не правам разлика и не делам на никој и секој треба да си го живее својот живот како што сака! Е од после кога загина вие Тастатурски Јунаци де Ангел бил, де незаменлив а и светец го направивте ( Покојниот и повеќе заслужува од светец и тоа затоа што беше со многу добра душа и не знаеше лошо да направи на човек). Ете сега се е разјаснето. Поздрав драги мои подржувачи кои ве има во ОГРОМЕН број од цела Македонија и пошироко од регионот! Продолжуваме и понатаму со нови успеси со Господ напре, а Тастатурските Јунаци нека пукаат од мака зошто мое се, ама баш се погодено во животот!

фото Фејсбук/Славчо Попоски

Во интервју за Женски Магазин Славчо откри дека метеорологијата ја засакал од мали нозе а со оваа работа се занимава веќе десет години а како што вели до сега не промашил ниту една анализа.

фото Фејсбук/Славчо Попоски

– Да не звучам нескромно, ама ја кажувам реалноста, а и цела Македонија знае дека барем досега немам ниту една утка околу анализите. Мојата работа е 24/7 на компјутер и следење на облачните маси и системи над Европскиот континент. За понатаму со Господ напред.

фото Фејсбук/Славчо Попоски

– Исклучиво работам на метеорологијата и сум премногу посветен кон неа. Соработувам со голем број медиуми и секако истите ми носат и приходи. Со Господ напред, тоа планирам и понатаму да го правам во животот, рече Славчо во интервјуто.

фото Фејсбук/Славчо Попоски

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close