Кафе муабет

МАЖ МИ ПРЕБЛЕДЕН МЕ ИСПРАТИ, НЕ МОЖЕВ ДА ОДАМ ОД БОЛКА – Кристина Арнаудова емотивно за пораѓајот со вториот син

Емотивно, пејачката му честита роденден на второто синче...

Кристина Арнаудова е родена на 21 септември 1979 година во Неготино. Од својата четиригодишна возраст го има првиот контакт со микрофонот . Пресудна улога во нејзиниот музички пат имал нејзиниот вујко (тапанар) и музичките проби со него.

             Фото/Принтскрин

Денес, Арнаудова важи за успешна пејачка, музичар, изведувач, продуцент, композитор, текстописец, хуманитарец, сопруга и мајка.

Фото/Принтскрин

Пред неколку години ја основаше организацијата Проект Среќа со цел да помогне на дечињата од семејства со социјален ризик, а работеше и на преоктот насловен како ,,Проект куќа’’.

Фото/Принтскрин

Пејачката и автор Кристина Арнаудова која веќе некое време е отсутна од музичката сцена е сопруга и мајка на Матео и Максим.

Во едно интервју за Гламур, Арнаудова ќе изјави

Фото/Принтскрин

,,Ја основав Проект Среќа бидејќи знаев дека на многу деца со помалку можности има начин да им се помогне да имаат поквалитететeн живт, да имаат можности како нивните врсници, да имаат знаења и убави моменти кои им недостигаат, но ете, тоа некој треба да го сработи…’’

Фото/Принтскрин

Емотивно, отворено и искрено, говореше за мајчинството и колку тоа ја променило:

,,Мајчинството е најубавата и најтешката работа во исто време…Менува доста….јас станав многу емпатична, сосема несебична, од тој момент веќе никогаш не сте вие на прво место, можеби за жал, но тоа станува нормално….’’

Фото/Принтскрин

Поголемиот син свири гитара, и се радувам што сака да свири, и што свири убава рок музика…Помалиот многу сака да пее, но не сака пред публика. Нека се тие здрави и живи па каде ќе ги однесе патот јас ќе бидам тука и ќе им чувам грб, ако има потреба некогаш – изјави Арнаудова.

Фото/Принтскрин

Неодамна, таа објави емотивна фотографија на Инстаграм со доста долг опис со која му честиташе роденден на второто синче.

Фото:Инстаграм/Кристина Арнаудова

Под фотографијата на која Кристина е сликана во болница пред пораѓај таа напиша:

26 јануари, 2016, легнав да спијам. Имав закажано царски рез на 27 утрото. Ама нешто почна интензивно да се движи. Станав, се прошетав, викам ќе помине. Пак легнав. Пак нешто чудно почна да се дешава. Контракции. Ок,си викам, од контракција до породување има време.

Фото/Принтскрин

Смирено станав, му соопштив на маж ми дека изгледа решил дечкото да излезе. И се јавив на Бица, другарка ми, која живееше до мене у другата зграда, да дојде да го чува Максим, за да заминеме во болница. У меѓувреме почна многу често да се јавуваат контракции…си викам, имам време ок е, не е можно толку брзо се да се деси. Смирена си влегов да се туширам… оп и водењакот пукна. Докторката на телефон, вика јас тргнувам и ти брзај. Си викам , шо паничи женава…

Фото/Принтскрин

Пејачката се присети на пораѓајот пред 7 години па емотивно сподели детали:

Дури стигнавме до болница,едвај стигнав до соба. Ама нема слободна сала, а женава готова е, вика сестрата. Тука више не ми беше до шминкање, само врискав. На секоја минута . Не знаев дека така болело. Сестрата вика кога брзо се отвараш многу боли. Викам знам,сфатив…. Пред мене стои маж ми, и пробува да е хумористичен како секогаш, ми вика диши, вака (покажува како ) , како во филмовите! А јас му се дерам море мрш, ти ќе ми кажеш . Па и ме слика. Уште нема слободна сала. Докторите уште се на пат да стигнат. Детево само шо не излегло. Се тоа за 40 минути. Стигнуваат докторите. Едвај стигнуваме до празна сала. Јас на секој два чекори застанувам пошто на секои 30 секунди контракции. Се собираат докторите. Маж ми малку пребледен ме испраќа, му викам смири се, се ќе биде добро ( нормално дека јас него го смирувам, којзнае колку му било тешко на човекот).

Фото/Принтскрин

Со долгиот пишан текст Кристина му честиташе роденден на нејзиното второ синче па напиша:

Матео се роди во 03,40 на 26 јануари, така си реши. Докторите закон, др.Елена Петрова, што ме породи со двете деца, без неа не сакав да се породам. Ја поздравувам! И ете 7 години од се ова, од оваа слика, Матео полни 7 години! Најмилото бебе, сестрите велеа и намирното…Среќен 7 Матео! Те сакаме! Љубов си!“ напиша пејачката на Инстаграм, во продолжение на фотографијата.

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close