Кафе муабет

Пријовиќ откри шокантни детали за семејството Живојиновиќ: Никогаш не ми помогнале финансиски, се борев за да заработам!

Филип и е најголема поддршка...

Пејачката Александра Пријовиќ постојано е во центарот на вниманието поради бракот со Филип Живојиновиќ на кој многупати му предвидуваа крах.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Неодамна беше запрашана како се согласува со сопругот Филип Живојиновиќ и дали таа и Филип подобро се согласуваат откако станаа родители на синот Александар.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Се расправаме само за песни, тој ми ги направи мелодијата и текстот за песната „Звукот на тишината“. Беше многу заморно! Се расправавме многу, но секако сакавме се да биде што подобро. Испадна одлично и секогаш сум велела дека најмногу му верувам. Откако се забавуваме, тој најмногу ми помага – истакнува пејачката.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Многу се зборуваше за вашиот развод, како и за тоа дека неговото семејство вложи многу во вашата кариера – рече Огњен Амиџиќ, водителот на емисијата „Ами Џи шоу“.

фото инстаграм/александра пријовиќ

– Неговото семејство никогаш не ми помогна финансиски, се финансирав сама од првиот ден. Со овој бизнис почнав да се занимавам рано, на 14 години и така ме воспитуваа и учеа – се трудев сама да се борам и да заработам некој динар. Никогаш од никого не барав и никому ништо не должам, секогаш се трудев да не зависам од никого. Затоа сама вложив се во кариерата, па нема да дојде ден некој да каже дека инвестирал во мене, бидејќи се` сама направив – гордо истакна Александра.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Заработува повеќе и од Брена

Пејачката Александра Пријовиќ во моментот важи за една од најбараните и најпопуларните пејачки во регионот.

фото Стори.рс

Имено сега во медиумите почна да се шушка и дека Прија ја престигна колешката Лепа Брена кога е во прашање заработката, со оглед на тоа што од почетокот на годината заработила три пати повеќе пари од неа.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Александра Пријовиќ од почетокот на 2022 година има 50 настапи, а само од гледање на песните кои ги има на Јутјуб и биле исплатени пари со кои може да купи стан во Белград. Од друга страна, Брена има само неколку прегледи за песните кои пред подолго време се објавени на овој канал.

фото инстаграм/александра пријовиќ

– Прија годинава влезе работејќи, цело лето резервираше тезги и настапи, а до крајот на годината ја чекаат десетици настапи. Досега имаше околу 50 прослави и на сите тезги имаше добри хонорари за неа, а добро заработи и од прегледите на YouTube. Брена, пак, имаше малку настапи, повеќе патуваше и трошеше пари, а немаше приходи од прегледи на YouTube. Само неколку нејзини песни добија многу прегледи, другите не поминаа најдобро, па Брена почна да ги прикачува сите извештаи, интервјуа и сцени од филмовите во кои глумеше како млада за да ја зголеми гледаноста на самиот канал – открива добро информиран соговорник на српски Телеграф.

фото инстаграм/александра пријовиќ

– Прија досега ја заработи сумата што некои пејачи ја постигнуваат за пет или повеќе години. Откако објави нови песни, таа има уште повеќе ангажмани, за разлика од Лепа Брена која се одмараше на море – додаде соговорникот.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close