Кафе муабет

Познатиот пејач открива се за врската на Хана и Грашо: Тие се заедно многу порано од она што го знае јавноста!

Тие се среќни заедно...

49 годишниот Јошко Чагаљ Џоле за магазинот ИН истакна дека уште пред јавно да се огласи Грашо и да се пишува за неговата врска со Хана Хулиќ знаел дека се заедно.

Фото Инстаграм/ Јошко Чагаљ Џоле

Тој ја коментираше врската меѓу петнаесет години помладата Хана Хуљиќ и Петар Грашо и истакна дека тоа го очекувал.

Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо

-Па, се знаеме 100 години, јас би го нарекол природна секвенца, компактни се, се сакаат, слични се дури и во музиката, имаат ист стил на хумор, цинизам, се надополнуваат. и гледам дека се среќни. Бев поканет од Тончи, Вјекослав, Хана и Петар, отидов кај нив, седнав на маса и велат бидејќи си член на семејството, мора да ти кажеме нешто Петар и Хана се заедно.

Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото инстаграм/Петар Грашо

Тогаш Петар го потврди тоа, па така јас знаев неколку месеци пред официјалното- вели тој.

За потсетување, Петар Грашо 24 години беше во врска со познатата пејачка Данијла Мартиновиќ.
Имено тие важеа за најхармоничниот пар на естрадата, па веста дека повеќе не се заедно ги шокираше обожавателите.

Фото: Мarko Prpic/PIXSELL
Фото Инстаграм/Петар Грашо

Многумина го осудија Петар порад врската со Хана, особено поради тоа што е помала од него 15 години.
Сепак по се изгледа парот не се води од коментарите на другите, бидејќи се среќни заедно.

Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо

Данијела има ново момче!?

По се изгледа дека и Петар и Данијела продолжија по свој пат.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Многу се шпекулираше дека на Данијела и било многу тепко по разделбата од Грашо, и дека таа се затворила во себе, но сепак таа на своите следбеници на Инстаграм им се пофали со новата фризура па може да се каже дека пејачката изгледа подобро од секогаш.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Пејачката со годините не го промени многу имиџот, а сега ги врати шишките кои не ги носеше долго време.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Новогодишно освежување… Подготовките за 2022 година за нас веќе започнаа, напиша Данијела во описот на објавата на која доби бројни коментари.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

„Убава си во секој поглед“, „Изгледаш како девојче“, „Убава“, „Вечна девојка“, се само дел од позитивните коментари што ги доби, а многумина беа зачудени колку нејзината нова фризура ја подмладува.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Данијела неодамна објави фотографија со Томаж Кавчиќ на Инстаграм, со која ги поттикна шпекулациите на фановите дека ја нашла среќата во љубовта по раскинувањето со Петар Грашо, кој сега е во врска со Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

За потсетување неодамна Данијела откри дека имала голема желба да се реализира како мајка.
Пејачката која покрај тоа што пее и пишува, еднаш објасни како се справува со тоа што не се исполнила во улогата на мајка, и како инспирацијата за создавање ја наоѓа во најтешките моменти.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

-Мајчинството ми е прилично тешка и лична тема, а од друга страна со оглед на тоа што сум пејачка е многу јавна. Понекогаш такви наслови за моето неостварено мајчинство ми изгледаат толку вулгарно, неточно. Затоа, во ранливите моменти на емоционална експанзија, почнав да пишувам, раскажувајќи приказна во една форма во која му се обраќам на моето неродено дете, на моето Малечко. Знаеш, оние долги ноќи кога имаш чувство дека немаат почеток или крај, чувство дека засекогаш ќе останеш заглавен во пукнатината на времето. Сакав да и кажам се од прво лице еднина – изјавила Данијела за Јутарњи пред неколку години, пренесува „Story.hr“.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Пејачката тогаш без тронка двоумење изјави и дека сака да се реализира како мајка и дека не се откажала од желбата, но сепак верува дека ако тоа не се случи, може да ја најде среќа без дете.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

-Детето е моја голема желба, никогаш не сум го криела тоа, но поради некоја причина се уште не се случило. Не се откажав од тоа да сум мајка, но го прифатив и фактот дека ќе можам да бидам среќна и ако тоа никогаш не се случи, изјави тогаш поранешната партнерка на Петар Грашо.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close