Кафе муабет

СИНОТ НА БРЕНA ПРОЗБОРЕ ЗА КИДНАПРАЊЕТО! Имав осум години, чувствував неопислив страв, мислев тоа ми е последен ден од животот …

Откри дека кога ќе се сети на се, има само едно чувство во сеќавањето - страв!

Синот на Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ, Стефан, иако избегнуваше да зборува за киднапирањето во медиумите, сега реши да открие се  што памети од тој болен настан.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

29 годишниот Стефан Живојиновиќ по кратката и доста успешна пејачка кариера се повлече од јавноста и моментално живее во странство. Некогаш избегнуваше да разговара со медиумите за киднапирањето, но во една прилика откри дека, кога ќе се сети на се, има само едно чувство во сеќавањето – страв!

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ
фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

-Се плашев дека тоа ќе ми бидат последните денови од животот…Имав само осум години, но бев многу свесен за опасноста. Чувствував неопислив страв. Таму си каде што си, не знаеш што ќе се случи… Во еден момент само се помирив со ситуацијата, бидејќи сфатив дека не можам ништо да направам. Како и да е, научив една важна лекција од тоа страшно искуство, научив да го ценам секој ден и се трудам да го искористам максимумот, бидејќи никогаш не знам кој ќе ми биде последен. Генерално, ги надминав траумите, иако сите ние во семејството сè уште имаме некои стравови во срцето – рече Стефан.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

– Колку е потежок вашиот пат, толку посилни ќе бидете! Глупаво ми е да го кажам тоа, кога животот ми беше главно мед и млеко, а киднапирањето е мојата најголема траума. Сепак, не сум јас виновен што се родив како син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ… Нема да ме паметат само по киднапирањето, туку по гласот, песните… Несакам било кој да ме сожалува, несакам да бидам мизерен – заврши Стефан.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

За потсетување, вчера во медиумите одекна веста за киднапирањето на Стефан Живојиновиќ и по 21 година конечно беше обелоденето кој го сторил тоа дело.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

Постариот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Стефан Живојиновиќ, преживеа вистински пекол кога беше киднапиран од киднапери на 23 ноември 2000 година.

Стефан беше киднапиран пред 21 година од Средоје Шљукиќ- Шљука водач на ѕвезден клан“.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

Извесен Бојан Т. личен курир на Душан Спасојевиќ за српски Информер вели дека за откруп на малиот Стефан тогаш киднаперите добија 2,5 милиони германски марки. Според Бојан, тој ден, на Душан му се јавил некој од Владата и му рекол веднаш да го врати детето.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

„Бев присутен кога од Владата го повикаа Душан Спасојевиќ и побараа веднаш да го врати малиот Стефан! Полуде, викаше дека нема врска со тоа! „Ќе му ја Е**м мајка му, тој ќе ме мести!“ Кога дозна дека тоа го направи Шљука наредил негова ликвидација“, вели курирот.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

Според курирот, Спасојевиќ збеснал, викал дека никогаш не би земал пари за деца затоа што и самиот има деца, му рекол на тој човек од Владата.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

Тоа киднапирање и денес е официјално неразјаснето, а за тоа никој никогаш не бил уапсен.
Потоа, се сеќава Бојан, Спасојевиќ повикал некој од Владата, па почнал да му вика и на него.
Викаше нешто како:

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

„Па што ти плаќам, ваљда треба да знаеш што се случува во овој град и кој го киднапирал синот на Брена, а не мене д аме бараат да го најдам детето. !“ Кога малку се смири. , ни рече: ‘Тоа го направи Шљука… И сега ќе му ја е*ам мајката!’ Веднаш му се јавил на Сретко Калениќ, кој дошол пред тоа од Нови Сад, па по нему и на Миле Луковиќ- Кум им рекол дека се организираат да го следат Шљука и да го „ликвидираат““, изјави Бојан.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

Според него, „земунците“ почнале да го следат Шљука кон крајот на 2000 година, а требало да го уб-ијат на почетокот на 2001 година.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

Но, нешто се искомплицира затоа што Шљука влезе во конфликт со некои Црногорци во ресторан, а потоа дополнително го зајакнаа обезбедувањето, што ја одложи ликвидацијата, па беше убиен дури на крајот на септември 2002 година во близина на Сава Центар…

фото принтскрин…

Се сеќавам по убиството, Дуќа рече: „Еве му ја еб-а мајката, нека киднапира деца сега“.
Инаку, Дуќа немаше никакви допирни точки со Шљука до киднапирањето на Стефан, колку што знам, и мислам дека тоа беше главната причина поради која го уб-ил“, изјави Бојан.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close