Кафе муабет

Вељко ја напушти Богдана, и замина далеку од семејниот дом- Цеца реши да не се меша

Изнајми стан за да се подготвува за натпреварот...

Вељко Ражнатовиќ и неговата мајка Цеца повторно се во центарот на вниманието.

ФОТО: Вељко Ражњатовиќ / Инстаграм

Имено во домот на семејството Ражнатовиќ во Богдана Љутиче деновиве се пакуваа куфери и тоа на подолго време.

ФОТО: Вељко Ражњатовиќ / Инстаграм

Како што пренесе српски Скандал, Вељко се иселил од вилата на Дедиње. Причината поради која ги остави Богдана и синот Жељко е повеќе од оправдана.

ФОТО: Вељко Ражњатовиќ / Инстаграм

Имено, Вељко изнајмил стан во Нови Сад бидејќи таа локација повеќе му одговара поради обврските и целите кои си ги има поставено. Тренира двапати неделно во Нови Сад и Ветерник, а многу полесно му е да живее во Војводина отколку да патува во Белград.

Фото Инстаграм/Богдана Родиќ

– Наскоро на Вељко му претстои важен турнир и поради тоа реши да се изолира, па изнајми стан и се отсели во договор со сопругата Богдана. Таа се согласи со тоа бидејќи знае колку му е важен тој турнир. Додека тој е отсутен, Богдана и нејзиниот син Жељко ќе престојуваат со Цеца во вилата, но таа дефинитивно одвреме-навреме ќе оди во Нови Сад со детето, бидејќи тројцата се навикнати постојано да бидат заедно и ретко се разделени – изјави извор близок на Вељко за Скандал!

фото инстаграм/Вељко Ражнатовиќ

Ќе се снима реално шоу

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се согласи да снима свое реално шоу во кое таа ќе биде главна актерка, но и нејзините најблиски.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Иако има добиено неколку понуди за снимање на сопствено реално шоу, Цеца ја одби секоја прилика јавно да ги презентира сите семејни тајни. И тоа беше така се до сега.

фото принтскрин

Не се знае дали ѝ бил понуден недоволно голем хонорар или било во прашање нешто друго, но во последните недели фолк ѕвездата е следена од камери кои подготвуваат материјал за телевизиски спектакл што се чека со години, пренесува “ Скандал!”.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

Во реалното шоу на Цеца, покрај музичката ѕвезда, ќе биде вклучено и целото нејзино семејство: Вељко и Анастасија, сестрата Лидија и нејзините деца, снаата Богдана, внукот Жељко… Цело лето се снимаше, имаше настапи, дури во Кипар, а на проектот работеа десетина луѓе. Публиката, меѓу другото, ќе има можност да види како изгледа куќата на Цеца, но и како се однесува големата ѕвезда кога не е пред очите на јавноста. Документарната серија на Цеца важи за поскап проект за кој фолк ѕвездата однапред добила значителен хонорар, а ќе се емитува на нова телевизија која наскоро треба да почне со работа.

Фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

– Камерите ја следеа Цеца 24 часа, а каков материјал ќе се најде на монтажата останува да видиме. Се уште не се знае како ќе се вика реалното шоу, но се знае дека се ќе се емитува за брзо на нов канал кој се подготвува и наскоро ќе почне со работа – заклучил неименуван извор за „Скандал!“.

фото принтскрин
фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close