Дом и семејство
Пред да ги наречете деца со посебни потреби размислете- тие се исти како и останатите деца!
Децата со пречки во развој бараат внимание, љубов и се останато што им е потребно на другите деца...
Секојдневно го слушаме изразот „деца со посебни потреби“.
Но дали знаете дека овој израз може да биде и навредлив, особено за родителите на тие деца?
Да, и децата се чувствуваат поинакво кога ќе слушнат дека ги нарекувате со посебни потреби, а всушност тие се како и сите деца, бараат многу љубов, внимание, сакаат да си играат со своите врсници, баш како и сите останати.
Пред да го употребите овој израз, размислете како ќе се чувствуваат тие…
Секако дека оние што го користат овој израз немаат лоша намера и тие тоа често го зборуваат тоа ненамерно и затоа што им звучи „поумерено“ отколку кога велат деца со потешкотии или пречки во развојот.
Всушност, тој термин каде се сугерира дека децата кои на кој било начин се разликуваат од своите врсници, е погрешен и обично ги навредува родителите на тие деца.
Веројатно се прашувате зошто?
Одговорот е едноставен. Децата кои имаат пречки во развојот немаат посебни потреби истовремено.
Тие имаат точно исти потреби како и сите други деца – да играат, да се смеат, да се радуваат, да бидат сакани и да сакаат, да се смеат, да добијат нова играчка…
Тие треба, како и секое дете, да бидат горди на своите родители, да се истакнат во нешто, да бидат разбрани кога ќе се налутат.
И тие сакаат право на своите емоции, право да ги имаат и да ги покажат.
Следниот пат кога сакате да им кажете на децата дека тие се со посебни потреби, застанете на време.
Совршено е добро ако не сте го знаеле тоа.
Уште подобро е што знаете сега, па поради тоа немојте да го користите овој израз.
Тие се прекрасни како и сите други деца, родителите на овие деца се вистински борци, кои секојдневно се соочуваат со најразлични ситуации, но никогаш не потклекнуваат, токму поради љубовта за нив…
Извор: zelenaucionica.com