Дом и семејство

ВИСТИНСКА НОВОГОДИШНА БАЈКА: Ѕирнете во домот на Цеца- пејачката покажа во каков луксуз ужива, многумина и завидуваат!

Цеца покажа како изгледа нејзиниот дом за празниците

Цеца Ражнатовиќ важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот.

фото Инстаграм

Таа годинава се реализираше во улога на баба, па поради тоа често пати и знае да истакне дека обожава да го поминува времето дома со семејството, а особено со нејзиниот внук Жељко.

И покрај пандемијата која владее во светот, сепак празничната магија не изостана од домовите на познатите.

Така Цеца реши да го накити својот дом, во нејзин стил, и секако се е убаво осмислено до детал.

Пејачката често пати знае да каже дека нејзиниот дом е оаза а мирот, па поради тоа и сака да вложува во негово уредување.

Декорирањето домови за славните за празниците е посебен предизвик. Секој обично прави посебен напор празничните украси да бидат бајковити, а оваа година се чини дека е посебно ако се има предвид дека повеќето од нас ќе ги слават празниците во своите домови.

Уште пред пандемијата, која не заклучи дома, Цеца истакна дека ќе вложи многу напор во новогодишните украси.

Пејачката сподели дел од атмосферата што владееше во нејзиниот дом последните денови. Таа доби и комплименти на сметка на изгледот, а празничната атмосфера ги воодушеви сите.

Задоволна сум од својот изглед!

Пред извесно време Цеца, изјави дека иако има 47 години таа е задоволна од својот изглед, и дека не се срами од своето лице и тело.

фото Инстаграм

За нејзиниот беспрекорен изглед се грижат професионалци, стилисти и шминкери, но таа не би уживала во таков ѕвезден статус доколку секогаш би морала да се крие зад совршена маска.

– Прво се сакам себеси и не се срамам од своето лице и тело. Јас се негувам колку што можам, природните процеси никого нема да заобиколат и тоа се нормални работи. Сè поминува, но мора да бидете задоволни со себе. Се сакам себеси и ми се допаѓа како изгледам. Јас имам 47 години, многу сум гордана себе и за мене годините се само бројка “, рече таа во емисијата„ Премиера “.

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close