MAMA

Зошто речиси секогаш е полесно со второто дете?

Кога станувате родители по прв пат, се' уште не знаете со што се соочувате.

Со првото дете, родителите најчесто се збунети, исцрпени и без здив. Но, остварувањето на улогата родител по втор пат, е многу поедноставна и поопуштена.

1. Знаете што правите

Препознавате кога бебето е уморно, гладно или има грчеви. Учите како да ги поправите некои рабоит кои не сте ги знаеле со првото дете – се’ ви оди побрзо. Веќе еднаш сте поминале низ тоа, секако, не е исто, но вашето решавање на проблемите оди побрзо и подобро.

2. Сфаќате дека се’ е фаза

Откако прв пат ќе станете родител, ви изгледа дека некои фази немаат крај. Но, бидејќи сте родител по втор пат, без разлика колку тешко минувате некои фази, знаете дека сето тоа ќе помине.

3. Имате премногу обврски за да размислувате на стресот

Кога имате само едно дете, вообичаено е од него да очекувате и да ја предвидувате секоја нова промена. Повеќето нови родители читаат многу книги, се информираат преку весници и портали, добиваат совети од безброј извори и бараат помош од лекар.

Но, кога имате повеќе од едно дете дома, немате многу време за нервирање. Некои родители честопати се изненадени од новите постапки на детето, затоа што едноставно се презафатени за да забележат колку бргу лети времето.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close