Кафе муабет
Огњен Амиџиќ призна дека има нова девојка: Оваа убавица е нова љубов на популарниот водител
Заедно се неколку месеци...
Вчера во јавноста излезе веста дека популарниот водител Огњен Амиџиќ по разводот од манекенката Данијела Димиторовска, повторно е заљубен.
Имено тој важи за еден од оние јавни личности кои го крие приватниот живот но по гласините дека е во врска со својата колешка Мина Наумовиќ, тој реши да ги потврди ваквите тврдења.
„Да, точно е. Во врска сме, но ние се договоривме дека ќе ја зачуваме приватноста за нас и дека нема да зборуваме за тоа“, изјави популарниот водител за „Република“.
Се шпекулираше дека Огњен и Мина поминувале многу време заедно поради работата, по што сфатиле дека меѓу нив има силна хемија.
Оттогаш едвај и се разделуваат, постојано се заедно а судејќи по нејзините објави на социјалните мрежи, Мина веќе се вселила во луксузниот дуплекс на Огњен.
Да потсетиме Огњен од бракот со Данијела го има синот Матија, кој живее со мајка си, но старателството е поделено и Огњен рамноправно учествува во неговото воспитување, растење, школување а со поранешната сопруга функционираат одлично.
Сепак, Амиџиќ сè уште не го запознал синот со својата нова девојка Мина.