Кафе муабет

Покажа како изгледала на почетокот на кариерата: Северина објави видео старо 31 година

Имала само деветнаесет години...

Северина Вучковиќ е една од најпознатите ѕвезди во регионот. Имено таа со децении е на хрватската музичка сцена а сега сподели интересно видео и покажа како изгледала на почетокот на кариерата.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Пејачката порано беше само една од многуте млади девојки кои се надеваа дека ќе започнат музичка кариера.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Таа се присети на тоа време објавувајќи видео од една матурска вечер во Дрниш каде пеела во 1991 година. Северина тогаш имала само 19 години, а на видеото се гледа дека била облечена според модата од 90-тите. Носеше тексас јакна и ‘полициска’ капа, а имаше и шишки.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

-Благодарност до непознатиот автор на ова видео, кој ме врати во некои убави времиња. Дрниш, 1991 година, матурска забава…, напиша таа во описот на снимката.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Нејзината објава на Инстаграм воодушеви и многу познати личности кои коментираа. Ајмеее, хит“, напиша Тарик Филиповиќ, а со него се согласи и Викторија Раѓа.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Љубовниот живот на Северина отсекогаш ја интригирал јавноста, а многумина дури и заборавиле со кој пејачката била во врска на почетокот на кариерата.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Имено во 90-тите, односно на нејзините почетоци Северина била во врска со Ален Марина од групата Којоти. Двојката имаше кратка и бурна врска.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

„Таа е популарна и харизматична личност. Престрого е да се каже дека медиумите ме жигосаа поради неа, но се однесуваа како да ги изневерувала со мене“, изјави пејачот во една прилика.

фото архива

Ален беше првата медиумски експонирана љубов на Северина, а потоа и нејзин вереник. Но, како што знаеме, свршувачката се раскина, а поранешната двојка остана во добри односи.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Врвот на кариерата го достигна по експлицитното видео на јахта

Северна пред извесно време за прв пат реши да проговори за емотивниот партнер кој се појави во јавноста во 2004 година откако излезе кoнтpoверзната снимка од јахтата, за која медиумите на големо пишуваа, а тој имаше сопруга и деца во тоа време, кои многу страдаа поради ова видео.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Сега, седумнаесет години по објавувањето на видеото што го обележа нејзиниот живот, Северина одлучи да го коментира семејството на нејзиниот тогашен партнер.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Во големата исповед за хрватскиот портал “H-alter”, Северина зборуваше за нејзината болна и долгогодишна борба за старателство, но и состојбата на нејзиниот син. Во таа приказна, беше речиси невозможно едно од прашањата да не биде спорното видео од јахтата од 2004 година, за кое пејачката вели дека Милан, нејзиниот поранешен сопруг многупати го користел како opужје против неа.

Фото Инстаграм/Северина

– На почетокот на нашата врска, една работа што ми даде знак дека на Милан не му е грижа за мене е неговото прашање за тоа колку пари сум земала за тоа видео. Срамота! Сакам да им порачам на младите девојки да внимаваат и да гледаат што прават – рекла Севе, на која овој филм, покрај етикетата, со години и предизвикува голема болка.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

– Свесна сум дека има тројца луѓе што ги повредив со тоа видео, и сакам да им се извинам. А тоа се децата и сопругата на мојот партнер од тоа видео. Тоа се единствените луѓе на кои треба да им се извинам. Но, многу е симптоматично што од 2004 година до денес, никој не ги спомна cтpaдањата на тие деца, и сите сега се многу заинтересирани за тоа како ќе го доживее тоа мојот син, кој не беше роден во тоа време. Свесна сум дека мојот син ќе дознае за ова во одреден момент од својот живот, и го имам тоа на ум од самиот почеток. Кога ќе проценам дека е време, ќе му кажам и би сакала да го слушне тоа од мене. Би сакала да цитирам помудар од мене, филозоф кој вели дека казната поголема од злocтopcтвото е и самиот кpиминал, вели Северина.

Фото Инстаграм/Северина

Приказната за борбата, нереагирањето на хрватскиот систем, но и cтpaдањата што ги чувствуваше како мајка, длабоко го допре целиот регион. И јавното извинување до семејството на партнерот од видеото од 2004 година уште еднаш покажа колку Северина е достоинствена жена.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close