Кафе муабет

Синот на Брена ја одложи свадбата: Виктор и Сандра нема да се венчаат на пролет а еве и зошто!

Свадбата ќе почека за догодина...

Виктор Живојиновиќ, најмладиот син на Лепа Брена, планира да се ожени со својата девојка Сандра Миљаковиќ, но, како што пренесуваат медиумите, тој ќе ја одложи венчавката за следната година поради епидемиолошката состојба.

Виктор и Сандра не сакаат интимна венчавка, туку свечена венчавка, па иако првично планираа да станат сопружници оваа пролет, сепак ќе мора да почекаат до мај 2022 година, пишува српски „Курир“.

Како што понатаму се наведува, Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се согласуваат со нивната одлука, бидејќи имаат и многу гости на кои сакаат да бидат домаќини и веруваат дека дотогаш ќе се смири ситуацијата со вирусот.

– Планираме гала-прослава со 500 гости. Ние сме многу во семејството Живојиновиќ, па мора да најдеме голем простор на отворено. Ние нема да правиме свадба сè додека не се смири состојбата со вирусот корона. Но, мене и на Сандра не ни пречи да чекаме, се однесуваме како да сме веќе во брак – рече Виктор во една прилика за медиумите.

Тој објасни и како снаата била прифатена од семејството Живојиновиќ.

– Сандра е голема поддршка во сè. Семејството е воодушевено од мојот избор и има само пофални зборови за неа. Убаво е кога наоѓате личност која ви одговара во сè – истакна тој.

Како што понатаму пишува споменатиот медиум, Брена и Боба решиле да го одврзат ќесето за венчавката на нивното милениче и нема да штедат за никакви детали. Деталите се скоро договорени, бидејќи сè беше планирано за мај годинава, но реализацијата е одложена и ќе започне веднаш штом луѓето ќе се вратат во нормален живот.

Досега ниту Брена, ниту Сандра, ниту Виктор не го коментираа ова.

Имено, Сандра Миљаковиќ која го освои срцето на синот не Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, постојано е во центарот на вниманието на социјалните мрежи со фотографиите што ги споделува на Инстаграм.

Сандра која на социјалните мрежи има преку 20.000 следбеници важи за млада дама со одлично чувство за мода.

Инаку, и Брена е воодушевена од својата нова снаа. Таа неодамна го изјави следново за неа:

„Сандра е прекрасна девојка и многу мило ми е што видов дека моите синови се согласуваат со своите девојки. Отсекогаш сум ги учела дека девојките треба да ги сакаат и да ги почитуваат и гледам дека овој дел од нашето воспитување вроди со плод. Луѓето треба да се најдат и пронајдат, а Виктор и Сандра уживаат во врската.

Покрај тоа, открив дека Сандра прави фантастична шминка. За време на изолацијата, таа ме нашминка мене и неколку мои пријателки. Ние сме воодушевени и сакам да и дадам поддршка бидејќи светот останува на помладите “, додаде пејачката.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close