Новости
НЕМА ДА ОСТАНЕТЕ РАМНОДУШНИ: Потресно сведоштво на еден од спасувачите во Измир
Страотна слика по земјотресот во Измир
Урнатини, голема материјална штета и човечки жртви беше билансот од страотниот земјотрес од 7 степени според Рихтеровата скала што на 30 октомври ги погоди грчките острови Додеканези на 30 октомври, а потоа беше регистриран земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер во турскиот крајбрежен град Измир.
Најпозитивниот момент кој кај многумина ќе предизвика чувство на така и среќа истовремено, и никој нема да остане рамнодушен, е оној кога од под урнатините, спасувачките екипи вчера успеаа да спасат три годишното девојче Елиф Перинчек, која била под урнатините 65 часа.
That little hand? pic.twitter.com/DD4X5Gtjrg
— Mustafa Demir (@tpbafk74) November 2, 2020
Во таа чест тие со силен аплауз се поздравија меѓусебно и си честитаа за спасениот живот.
Another small miracle: 65 hours after the Izmir quake (death toll has reached 79), a 3 year old girl is pulled alive from the rubble. Rescue worker and journalist both burst into tears. pic.twitter.com/5PAlYmn8ci
— Piotr Zalewski (@p_zalewski) November 2, 2020
Но она што предизвика тага кај спасувачите е овој потресен момент. Имено ова видео кое ги преплави социјалните мрежи ја шокираше јавноста вчера.
На видеото се гледа како еден од спасувачите седи на урнатините, може да се забележи неговата тага, по тоа што ен може да престане да плаче бидејќи не успеал да го спаси од под урнатините семејството во кое имало и двегодишното дете.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Оние кои беа во можност да ја погледнат снимката рекоа дека таа ги допира душата и срцето.
Според податоците во земјотресот животот го загубиле над 100 лица. Во петокот загинаа 91 лице.
Веќе неколку дена спасувачите се обидуваат да поминат низ урнатините во Измир, и трагаат по преживеани. До сега од само една зграда успеаа да спасат 15 повредени, а како што изјави гувернерот на Измир Јавуз Селим Косгер, повеќе од 70 лица се спасени од урнатините.
До сега билансот на повредени е 994 лица, од кои 829 се пуштени на домашно лекување, додека 155 сè уште се на болничко лекување.
Денеска повторно стотици спасувачи сè на терен и трагаат по преживеани под урнатините во Измир што ја погодија Турција.
Според снимките направени со дрон, може да се види дека ситуацијата во Измир е застрашувачка. Неколку згради целсоно се претворени во урнатини.
Инаку на 30- ти октомври, серија земјотреси се почувствуваа во повеќето делови на двете земји.
Инаку вчера Јавното обвинителство во Измир започна истрага против одговорните за изградбата на зградите кои целосно се срушија во земјотресот.
Беа приведени 9 од 11-те осомничени, меѓу кои и работниците кои работеле на зградите срушени во земјотресот.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм