Бременост

НЕВЕРОЈАТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Се здебелила 30 килограми во првата бременост- сега е бремена со шесто дете и изгледа неверојатно секси!

Младата мајка изгледа неверојатно во шестата бременост

На триесет годишната Шарни Кизер, можат да и подзавидат многу жени. Имено таа има родено пет деца, бремена е со шестото дете а изгледа неверојатно и тоа благодарение на правилниот начин на исхрана и вежбањето.

 

 

„Се чувствувам подобро кога вежбам“, тврди Шарни.

 

 

Шарни сега е во 14-та недела од бременоста, постојано вежба , и редовно оди на трчање. За појадок ги пие таканаречените шејкови, јаде многу овошје и зеленчук, а не конзумира храна богата со шеќери како леб и сокови, наместо тоа прави свежо цеден сок.

 

 

Кога ќе ја погледнете сигурно нема да помислите дека таа е мајка на пет деца, но сепак Шарни и открива тајна и вели дека не можела да се пофали со вакво тело, по првата бременост, кога се здебелила 30 килограми, се хранела нездраво а потоа и била во постпородилна депресија. И за останатите две бремености вели дека ги поминала слично, но после четвртата решила да го промени начинот на живот.

 

„Се чувствував како да не можам да застанам на нозе и по четвртото бебе решив да ги преземам работите во свои раце. Тогаш изгубив 30 килограми “, рече Шарни. Одлучи да го смени својот животен стил во петтата бременост, а сега ја живее шестата шета на далеку поинаков начин. Своите две последни бремености Шарни ги нарекува „соодветна бременост“.

„За време на моите  четири бремености, се плашев да вежбам затоа што мислев дека ќе му наштетам на бебето. Кога останав бремена по петти пат, решив да променам сè “, објаснува Шарни и вели дека од тогаш решила да го промени начинот на живот.

foto mamaplus.md

 

Сега во шестата бременост се е поинаку бидејќи таа се придржува на начинот на живот кој го практикувала и пред бременоста.

 

foto The Sun

 

Шарни објавнува дека станала свесна за тоа како изгледа по четвратта бременост, па поради тоа решила редовно да вежба и да јаде здраво.

 

 

„Најголемата разлика помеѓу бременоста во која се здебелив многу и соодветната бременост е што овој пат не паднав на истите стапици. Барајте здрави избори. Ако сакате да јадете нешто слатко, не посегнувајте по тортата, земете овошје наместо тоа. Вие не можете само да се опуштите и да јадете за двајца. Јас го сторив тоа и не е добро. Грижете се за тоа што јадете, тоа може да ја промени целата бременост. Не јадете само затоа што ви се допаѓа вкусот на нешто. Јадете храна што ви е потребна и што ги содржи сите потребни хранливи материи. Јадете ги оние јадења што ќе направат нешто добро за вашето тело.

 

Во бременоста не јадете за двајца и не прескокнувајте го појадокот

 

 

Во текот на бременоста потребно е да посветите посебно внимание и да внесувате витамини и минерали, како фолна киселина и железо.

Да треба да се придржувате до калориите, односно да внесувате помало количество храна но треба да јадете почесто, по малку.

 

Во првото тромесечје на жените не им треба нешто повеќе калории од претходно (ако поради мачнините во почетокот жените губат килограми), во второто тромесечје ви требаат 300 калории повеќе дневно, додека во последното ви требаат 450 калории повеќе.

 

Во случај жената пред бременоста да имала проблем со килажата, потребно ѝ е помалку или повеќе калории, во договор со лекар.

Важно правило: Не јадете за двајца!

Многу жени во текот на бременоста тежнеат кон одредена храна, а ретки се оние кои може да поминат без чоколадо, слатки работи и брза храна.

Бремените жени треба да си воспостават таков ред така што нема да го прескокнуваат појадокот и ќе консумираат здрави работи за грицкање. На пример, наместо сладолед може да земете смрзнат јогурт, минерална вода наместо газирани пијалаци, овошје наместо бонбони, круг од банана наместо колачи, какао наместо чоколадо…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close