Кафе муабет

Моника Белучи за стареењето и диетите: Секогаш сум била дама со oблини!

На нејзината убавина завидуваат жените ширум светот...

За Моника Белучи може да се каже дека старее како виното, колку е постара толку е поубава.

фото архива

И покрај тоа што е во шестата деценија, Моника се уште важи за една од најубавите жени на светот. Каде и да се појави е во центарот на вниманието, и со својот шарм и убавина ги фасцинира сите.

фото архива

Во новото интервју за магазинот „Sunday Times Style“ актерката проговори за процесот на стареење и се осврна на темата вежбање и диети.

Како што вели познатата актерка, таа не е љубител на ригорозни тренинзи и диети а открива дека повремено сака да оди на пилатес.

фото архива
фото архива

Ако тоа го бара улогата во филмот, тогаш таа практикува диета и вежбање, но се е во нормални граници.

фото архива

– Не сум оптоварена. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш многу слаба, природно сум таква. И јас сакам да остарам на мирен начин. Кога имаш 50 или 60 ги немаш истите потреби како на 20. Се менуваш, како кога имаш дете, прво него го гледаш, ти си на второ место. Тоа ни дава поинаква перспектива – изјавила 57-годишната актерка.

фото архива
фото архива

Таа се осврна и на нејзината улога во филмот „Spectre“ за агентот Џејмс Бонд. За неа вели дека таа улога била голема промена.

– Има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин – додаде таа.

фото архива

Актерката смета дека луѓето мора да се помират со стареењето.

– Има многу различни моменти во животот. Кога си многу млад, го имаш она што во Франција се нарекува ‘la beauté du diable’, убавината на ѓаволот, што е сосема природно, тоа е убавината на младоста, убавината на биолошкиот момент во твојот живот. Но животот продолжува. Ние старееме и мораме да се помириме со тоа. Ништо не можеме да направиме околу тоа. Но, во исто време имаме среќа, бидејќи ако остариме, тоа значи дека имаме долг живот. Како што телото старее, нашата душа расте – рече таа.

фото архива

-Јас секогаш им велам на младите девојки: „Научете да го сакате вашето тело!“ Затоа што совршенството не постои, и сосема е очигледно дека жената со криви не е помалку убава од девојче. Едноставно, мора да се научи да се прифати себеси како што си. На сите ни требаат илузии. И затоа сакаме филмови.

фото архива

-Не би сакала да имам повторно 20 години за ништо на светот. Јас сум многу посреќна сега отколку што бев тогаш, затоа што на таа возраст само се запознаваме самите себе, обидувајќи се да разбереме што сакаме да бидеме, страдајќи од несигурност. Сега точно знам што ми треба и што без што можам да живеам.

За потсетување, италјанската актерка и манекенка Моника Белучи родена е на 30. септември 1964 година во Италија.

фото архива

Моника има зад себе полни 40 години успешна кариера. Нејзиниот татко бил сопственик на компанија за транспорт, а мајка и била сликарка, која поглемиот дел од времето го минувала дома.

Убавата Италјанка уште од 13 години почнала да се занимава со манекенство, а со парите кои ги заработувала си го плаќала училиштето.

На свои 16 години запливала сериозно во светот на модата, а подоцна следеле бројни понуди за филмови, па и за сериозни актерски улоги.

фото архива

До 1989 година станала една од најпрепознатливите лица на париската модна сцена, па почнала да се појавува на насловините страни од светските магазини.

Во исто време станала и омилено лице на престижните светски брендови.

Првата улога ја добила во филмот „Дракула“ во 1992 година, каде глумела една од трите сопруги на Дракула.

фото архива

Одум години подоцна,  италјанскиот филм „Малена“, 2000 година и донесе светска слава и титула за најсеkси жена на светот.

Студирала право, но на крајот се откажала од факултетот и се посветила на својата кариера.

Моника зад себе има два брака. Првиот пат пред олтар застанала со модниот фотограф Клаудио Карлос Бас (60), со кого била во брак од 1990 до 1994 година.

фото архива
фото архива

Вториот брак беше со глумецот Винсент Касел(52) кој моментално е во брак со 30 години помладата манекенка Тина Кунакеј.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close