Кафе муабет

Исплива невидена фотографија од Харис Џиновиќ со сопругата – Мелина нема да ја препознаете!

Важат за еден од најхармоничните парови...

Веќе и врапчињата знаат за големата љубов на Харис Џиновиќ и неговата сопруга Мелина Џиновиќ која е помлада од него, и мора да признаеме дека е вистинска убавица.

ФОТО: Харис Џиновиќ / Инстаграм
ФОТО: Харис Џиновиќ / Инстаграм

Нивната љубовна приказна трае веќе 16 години, и иако е дури три децении помлада од него, тоа не им пречи тие да бидат среќни и заљубени.

ФОТО: Харис Џиновиќ / Инстаграм
ФОТО: Харис Џиновиќ / Инстаграм

Кога и да се појави во јавноста таа прави бум, со нејзиниот изглед.

ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм
ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм
ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм

Интересно е што сега повторно парот е во фокусот на јавноста откако се појави фотографија која е стара речиси две децении, а направена е само петнаесет дена по раѓањето на нивната ќерка Џина.

фото архива

Фотографијата стана вирална и не престанува да се коментира. Младите и среќни Харис и Мелина не ја симнуваа насмевката од лицето, а обожавателите на семејството Џиновиќ постојано коментираат само една работа.

ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм

Имено, кога ја добија ќерката Џина, Харис Џиновиќ и Мелина, тогаш сè уште Гавриќ, тие беа во врска две години. Вниманието кое го привлекоа во медиумите поради разликата во години падна во заборав, а сите се прашуваа само едно, кога овој пар ќе стапне на „лудиот камен“? Нешто повеќе од една година подоцна, Мелина на Харис му го роди синот Кан, а дури во 2008 година стана госпоѓа Џиновиќ, со сведочењето на нивните кумови Славица Еклстоун и Филип Цептер.

ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм
ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм

Возбудливата љубовна приказна започна во 2002 година, а фотографиите кои се главна тема во медиумите во последните неколку дена се направени во 2004 година, кога се роди нивното прво дете Џина која денес е една од најпопуларните ѕвезди во регионот на „Тик Ток“.

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ
ФОТО: Харис Џиновиќ / Инстаграм
Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

За почетокот на нивната љубов, Харис зборуваше за медиумите во тоа време:

ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм

– Со Мелина се запознавме во Сараево. Сето тоа беше спонтано, едноставно се случи. Засега ни оди добро, па ќе видиме што ќе биде понатаму. Се започна со авантура. Ниту таа, ниту јас не се надевавме на ова. Тогаш во еден момент си рековме: Ајде да имаме бебе! Никој не знае дали ова ќе биде доживотна приказна. Ако сега тврдам дека таа е жената на мојот живот, би било принудно. Верувам дека луѓето кажуваат такви работи за да ја задоволат суетата на другиот или да не го повредат. Треба да биде искрено. За мене сега нема друга жена, бидејќи сум со неа, исто како што Мелина вели дека нема друг маж за неа. Но, животот е непредвидлив – рекол тогаш Харис, но со текот на времето тој и Мелина сфатиле дека го направиле вистинскиот животен избор.

ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм

Инаку пред извесно време Мелина Џиновиќ која е модна дизајнерка, го сврте вниманието со тоа како целата ситуација со коронавирусот во светот се одразила и на модниот бизнис.

ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм

– Моите фустани се продаваат секаде во светот, во 64 бутици, но сега е хаос насекаде, криза е. Нема повеќе свечености, раскошни забави, гала вечери на кои моите фустани ќе засјаат во полн сјај. Ни славните брендови не се продаваат како претходно, се застана. Не се жалам, знам дека на модата ќе и се врати животот, но кој знае кога, раскажала дизајнерката за Стар.рс.

ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм
ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм
ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм

Според Мелина, тоа се должи на тоа што повеќето од луѓето во моментот работат од дома и сметаат дека не е потребно да купуваат гардероба.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close