Кафе муабет

Кристијан имаше 9 години кога вујко му Тоше Проески пoчинa – погледнете како тој изгледа денес!

Тој е неговиот наследник...

Многу фанови сè уште не можат да се опорават од големата загуба и жалат за трагичната смрт на Тоше Проески.

ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм

Македонскиот славеј, како што многумина го нарекуваат го загуби животот трагично на 16 октомври 2007 година, на 26-годишна возраст, во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка.

ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм

Некои тврдат дека покојниот македонски пејач има свој наследник, неговиот внук Кристијан Ристески кој јавноста го запозна од песната„My Little One“.

ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм

Талентот во Кристијан, Тоше го препознал уште кога бил дете, па на само девет години заедно ја отпеале „Мојата мала“, а таа песна се најде на постхумниот албум на пејачот на англиски „The Hardest Thing“.

ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм
ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм

Пред две години му се укажа прилика да соработува со британскиот продуцент кој исто така беше соработник и на на Тоше Проески Еди Рајт, поради што некое време помина во Лондон.

ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм

На својот Инстаграм профил Кристијан има и неколку фотографии со Тоше Проески, а секоја година на денот на неговото раѓање како и на годишнината од смр-тта објавува фотографија нивна заедничка фотографија.

Во едно интервју Кристијан раскажа како настанала нивната заедничка песна „My Little One“.

ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм
ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм

-Приказната за таа песна е многу долга и широка, но еве накратко.. Додека вујко ми го подготвуваше неговиот англиски албум „The Hardest Thing“, во Крушево, јас постојано бев околу него и го следев што прави, како свири… Одвреме навреме си ја потпевнував „Nothing Else Metters“ од Metallica, бидејќи тогаш таа ми беше омилена и така некако спонтано настана и „My Little One“.

ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм
ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм
ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм
ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм
ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм

Кристијан во една прилика кажа дека не му годат споредбите со неговиот вујко.

ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм

-Споредбите воопшто не ми годат, бидејќи никој не може да го замени вујко ми. Како што веќе ви реков, јас само многу ја сакам музиката, искрено одговори младиот Кристијан за Точка.мк

ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм

Кристијан беше мало момче кое седеше во прегратките на својот вујко. Денес Кристијан има 23 години а пејачот би бил горд на него, поготово поради фактот што тргна по неговите стапки.

ФОТО: Кристијан Ристоски / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close