Кафе муабет

,,КАДЕ НЕМА ПОСТАВЕНО БОМБА ДА ПИЕМЕ КАФЕ НА РААТ’’ – Џамбазов на хумористичен начин се обрати по дојавите за бомби

Игор Џамбазов по дојавите за бомби...

Уште од мали нозе е на малите екрани, а веќе неколку децении се чини дека неговата популарност само се зголемува.        Фото/Принтскрин

Игор Џамбазов со актерството започнува да се занимава уште на шестгодишна возраст кога глумел во филмот Македонскиот дел од пеколот, во режија на Ватролав Мимица.

       Фото/Принтскрин

Потоа, на 12 годишна возраст ја игра улогата на Трајче во филмот кој се базира на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играше главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.

       Фото/Принтскрин

По дипломирањето работел во Драмски театар, а потоа и во МНТ каде сè уште глумеле неговата мајка Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко.

       Фото/Принтскрин

На само 12 години, во 1975 ја формирал својата прва група ПОП и со неа активно ординирал по скопските гаражи и атомски скривници. Уметничката атмосфера која владеела во семејството Џамбазови мошне рано го внела во светот на музиката, а се досега Игор може да се пофали со многу хитови зад него.

       Фото/Принтскрин

По денешните дојави за бомби на повеќе локации во Скопје, Џамбазов на хумористичен начин се обрати до своите следачи.

       Фото/Принтскрин

Имено, тој на Инстаграм стори напиша:

       Фото/Принтскрин

,,Дечки, ми треба една информација под итно. Дали знае некој  каде ДЕНЕС нема поставено бомба, да пиеме по  едно кафе на раат. Студио’’, напиша Џамбазов на Инстаграм.

       Фото/Принтскрин

Инаку, денес се упатени дојави за поставени бомби  до Музеј на Град Скопје,  Природнонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист Гејт мол, ТЦ Бисер, Железничка станица Скопје и повеќе скопски училишта.

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close