Кафе муабет

“Беше подобар фраер кога беше со мене”: Кија Коцкар го предизвка Слоба Радановиќ

Неможе да го преболи...

Пејачот Слоба Радановиќ кој беше во брак со Кија Коцкар, сега одговори на повиците на неговата поранешна сопруга Кристина Кија дека изгледал подобро додека бил во брак со неа.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм
ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм
ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

– Секој има различен вкус, јас сум си најубав за себе, мислам дека одам само во нагорна линија што се однесува на се – рече Радановиќ.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

– Кога беше во брак со мене беше многу добар човек! Ги немате вие тие слики и снимки, претходно повеќе ми се допаѓаше, во секоја смисла ми се допаѓаше повеќе отколку сега – изјави Кија за Ало.

фото инстаграм/Кија Коцкар
фото инстаграм/Кија Коцкар

Бидејќи 2021 е при крај, Слоба ги откри своите желби и планови за новата 2022 година.
– Само да ја истребиме короната. Не можам да планирам ништо додека не се стабилизира ситуацијата, знам само дека ќе работам на моите песни, веќе имам спремни неколку песни… Една од моите поголеми желби е да отворам теретана, тоа сигурно ќе се случи. Јас сум некој кој многу вложува во песните и кариерата, па се надевам дека луѓето ќе имаат што да слушаат дури и кога не сум таму – додаде Слоба во гостувањето во емисијата „Премиера викенд специјал“.

фото инстаграм/Кија Коцкар
фото инстаграм/Кија Коцкар

Ја изневери сопругата со Луна Џогани!

Пејачката и победничка на првата сезона на Задруга, Кристина Кија Коцкар неодамна најави дека подготвува нов албум, а кога новинарите ја замолија да ја коментира намерата на Луна Џогани, поранешната љубовница на нејзиниот поранешен сопруг, дека истовремено со Кија и таа подготвува свој албум, Кристина коментира дека една жена и љубовница не може да се спореди, и дека двата поима не се мешаат:

ФОТО: Кија Коцкар / Инстаграм
фото инстаграм/Кија Коцкар

– Не ставам вето на ничиј албум, ако некој сака може да го издаде својот на истиот ден. Ние две немаме допирни точки, па не треба ни да се споредуваме. Сепак, ниту една ривалка не може да биде љубовница и жена. Тоа се сосема различни работи. Ве молам сите да бидете солидарни, барем околу тие термини – истакна Кија.

фото инстаграм/Кија Коцкар
ФОТО: Кија Коцкар / Инстаграм

Луна неодамна изјави дека и е жал за Кија, и поради тоа што и го одземала мажот, сепак Кија рече дека тоа е лага, а да не била таа сега можеби работите би биле поинакви.

ФОТО: Кија Коцкар / Инстаграм

– Лаже дека ме сожалува. Ја слушнав како се смее додека јас плачев, па тоа е лага. Ми се допадна нечиј коментар на интернет, затоа што таа ми посака да бидам жена и мајка, некој напиша „па таа беше на половина пат и можеби ќе беше така да не беше ти“ … Тоа е се што треба да кажам – заклучи Кија.
Имено Кија откри и како се чувствувала поради неверството на сопругот Слободан Радановиќ.

ФОТО: Кија Коцкар / Инстаграм

-Доживеав ужасни работи во мојот приватен живот, но сето тоа е зад мене. Конечно. Почнав да вежбам, ги отстранив сите негативни луѓе од мојот живот и станав најдобрата верзија од себе.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм
ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм
ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм
ФОТО: Кија Коцкар / Инстаграм
ФОТО: Кија Коцкар / Инстаграм

– Згрозена сум. Не гледам повеќе Задруга затоа што сфатив дека тоа е токсично за мене, гледам само ако ме споменат. Жал ми е што телевизијата покажува лош пример што е тоа брак, дека нечија болка се банализира и што за жал на повеќето им стана се’ нормално. Самиот факт што одбив песна каде што се споменува дека се разведувам од некој кажува се. Секој кој поминал низ раскинување или развод знае колку боли, особено кога ќе се збогувате со некој што го сакате најмногу на светот. Затоа ми се превртува желудникот кога некој ќе каже „Па, сите се разведуваат, тоа е нормално“. Не, не е!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close