Новости

Милица Тодоровиќ открива: Спремна сум за ново поглавје во животот- сакам да станам мајка!

Пејачката вели дека сака да се оствари во улогата на мајка

Пејачката Милица Тодоровиќ во последно време минува низ бурен период од животот. Таа ја заврши врската со актерот Пeтар Стругар, изгуби десет килограми, го надмина вирусот корона и беше оперирана од девијација на носот.

Пејачката сега изјави дека започнува ново поглавје во својот живот, а тоа го најави со нејзината нова песна „Уно бесо“ а како што откри во едно интервју, таа сонува за некои големи, поубави нешта.

Милица која сега е на прагот од четвртата деценија открива дека никогаш не се чувствувала подобро. Таа откри дека како никогаш до сега се чувствува зрело и подготвена е за сите предизвици кои ги носи иднината.

 

-Се чувствувам како да имам 19 години. Важно е како човек се чувствува внатре, како се чувствува психички и духовно, дали успеал да најде мир, каков е со себе и како се гледа себеси кога ќе се погледне во огледало. По мене се гледа како се чувствувам и јас се чувствувам одлично. Немам чувство дека стареам – открива таа за “Gloriu”.

Пејачката откри една тајна, со која изненади многумина, а тоа е дека би сакала да се реализира во улога на мајка.

– Би сакала да се реализирам како мајка. Мислам дека тоа треба да биде следниот чекор, на долг рок. Имам мајчински инстинкт – вели Милица и открива каков партнер би требало да биде покрај неа доколку се реши на таков чекор.

– Мора да биде остварен енергетски силно, да ја прати мојата енергија, да биде моја поддршка во работата и за се што ми треба.

 

Сепак, Милица Тодоровиќ откри дека по раскинувањето, за сега сè уште не е подготвена да започне нова врска.

– Сè уште не сум подготвена за нова љубов. Се надевам дека ќе се случи, открива пејачката.

Таа рече дека за неа е завршена врската со актерот и дека сето тоа треба да остане во минатото, но потенцираше дека ќе ги помни убавите работи од нивната врска.

Итна операција на носот

 

Атрактивната српска пејачка Милица Тодоровиќ секогаш знае како да го привлече вниманието на јавноста.

Таа со својата убавина и боја на глас ја освои српската публика, важеше за пејачка без естетски интервенции, но сега признава дека неодамна посетила пластичен хирург.

 

Милица пред да откриле која операција е во прашање, прво се нашалила и изјавила дека ставила силикони, а потоа признала за што станува збор.

– Го оперирав носот. Порано зборував дека мој другар ми го скрши носот, но јас сама си направив проблем со капки за нос.

 

Осум години ставав капки за нос 5,6 пати дневно и направив хаос, објаснила Милица и му рекла на докторот да не го менува обликот на носот.

– Дури и му реков да ми ја остави грпката на носот, го сакав својот стар нос, раскажала пејачката во шоуто на Огнен Амиџиќ.

 

Милица драстично го промени својот изглед

Тодоровиќ се пофали на својот Инстаграм дека успеала да се реши од вишокот килограми.

Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ

Таа со својот изглед ги воодушеви фановите кои и порачаа дека сега изгледа неверојатно добро.

Милица за време на изолацијата во која беше заради тоа што беше позитивна на вирусот корона, реши да му се посвети на здравиот живот и да ја врати старата форма.

 

Нејзиното тело сега повторно е затегнато и целото е во мускули додека и на стомакот и се гледаат стомачни.

Секако дека најзаслужно за тоа што му се врати на стариот изглед се редовните тренинзи, но и здравата исхрана која што на Милица и’ ја препиша нутриционистката.

 

 

„Работа, ред, дисциплина, волја, истрајност, браво Миле мој“, ја пофали тогаш нејзината нутриционистка.

Милица го победи вирусот корона

Инаку Милица Тодоровиќ пред неколку месеци успеа да го победи вирусот корона а во март оваа година раскина со актерот Петар Стругар, што беше болен период и за двајцата.

Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ

Милица во една своја објава на Инстаграм призна дека во еден миг многу се исплашила и го загубила оптимизмот, па плачела бидејќи и било многу тешко кога гледала колкав број луѓе заболени од Ковид-19 кои биле во тешка состојба доаѓаат во бoлницата и бараат помош.

 

Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ

„Имав ужасни болки, 20 дена не можеа да ми ја спуштат температурата. Најтешко ми беше кога се разболе и мајка ми“, изјави пејачката за српските медиуми.

Милица Тодоровиќ во интервју за “Hello“ призна дека никогаш не била амбициозна како и тоа дека мајка и била нејзин најголем критичар.

Поради тоа, пејачката одлучила да се посвети на кариерата како никогаш до сега, бидејќи мисли дека одамна би можела да има пет албуми и голем солистички концерт, доколку малку повеќе би се потрудила.

Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ

Иако е свесна за своите маани, пејачката истакнува дека не и смета кога и другите ќе ги увидат, како и дека негативните критики не ја засегаат.

-На почетокот на кариерата, баш тоа многу ми сметаше, ама брзо се навикнав. Сакам да читам коментари и често се воодушевувам колку се луѓето духовити. Дури и оние негативните ми се симпатични. Тоа е сосем нормално, не може се да биде позитивно. Мора да постои баланс помеѓу оние кои ви аплаудираат и оние кои наоѓаат лично задоволство да зборуваат лошо за вас. Секој има право на свое мислење“- искрено кажа Милица за Hello.

 

Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ

Погледнете уште неколку преубави фотографии од убавата Милица Тодоровиќ.

Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close