Новости

Еве како изгледаше како невеста жената што му го украде срцето на Стефан Богоев

За нивната свадба пишуваа сите медиуми

 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, на својата функција на која што е се уште стапи по локалните избори во 2017 кога победи во првиот круг со освоени 57,70 % од вкупните гласови.

Тој е дипломиран економист на универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје.

Борбена личност, стравствен говорник и еден од најмладите градоначалници.

Инаку, тој е веќе 3 години во брак со неговата избраничка Ивана Анѓеловска. Ивана е бренд менаџер, се занимава со мода, козметика и здрав живот. Инаку е дипломиран политиколог.

Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев

– Се запознавме пред скоро девет години. Пред тоа воопшто не се познававме. Се најдовме во „Клуб Картел“ кој тогаш постоеше. Од првиот момент имаше искра и почнавме интензивно да комуницираме. Почнавме и да се гледаме, беше убаво и да бидам искрен уште оттогаш имав претчувство дека ќе трае. Оттогаш, покрај љубовта станавме и најдобри другари, партнери. Споделуваме сѐ. Ивана ми е и најголема поддршка во кариерата, а и јас во нејзината – ракажа Богоев за „Женски магазин“.

Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев

Тој вели дека со Ивана си се погодени како тенџерче и капаче.

Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев

По 9-годишна врска со девојката која го украде неговото срце, тој одлучи да ја запроси и тоа токму на нејзиниот роденден. Во 2018 година парот стапи во брак.

Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев

Стефан Богоев и Ивана направија свадбена веселба на која присуствуваа бројни јавни личности, а убавата невеста тогаш ги воодушеви сите со својот изглед.

Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев

Тие најпрво во јуни 2018 се заколнаа на вечна љубов во црквата Св. Пантелејмон, а потоа во септември направија и свадбена веселба на која и двајцата изгледаа прекрасно. На веселбата на која присуствуваа бројни познати гости во центарот на вниманието беше преубавиот фустан на невестата.

Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев

Таа на венчавката носеше сребрена шик креација, за свадбената веселба избра венчален фустан од тантела, а Стефан бел смокинг.

Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев

За нивната свадба тогаш пишуваа сите медиуми

Од фотографиите на социјалните мрежи можеше да се забележи дека повеќето скопски градоначалници, пратеници и министри и директори од владејачката партија присуствуваа кај колегата на веселба.

Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев

Инаку и градоначалникот на општина Карпош, се најде во центарот на случувањата поврзани со случајот Рекет и Бојан Јовановски попознат како Боки 13. Имено, откако опозициските медиуми објавија дека градоначалникот на Карпош има потпишано Меморандум за соработка со Бојан Јовановски, како претседател на Меѓународниот сојуз, во чиј Управен одбор е и неговиот татко Владо Богоев, градоначалникот на Карпош за Телма ги демантираше ваквите наводи.

Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев

Тој тогаш изјави дека не отуѓил ниту една парцела за идеите на првоосомничениот во Рекет, Бојан Јовановски.

Како и да е, на социјалните мрежи се уште кружат бројни фотографии од кои се гледа дека бил близок со Бојан Јовановски попознат како Боки 13, што најверојатно ќе остави дамка во неговата понатамошна политичка кариера.

Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев
Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев
Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев
Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев
Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев
Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев
Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев
Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев
Фото: Фејсбук/ Стефан Богоев

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close