Новости

Венчаница од 90 метри свила, тешка 25 килограми! Во рацете носеше нешто необично- ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ МЕЛАНИЈА ТРАМП НА ВЕНЧАВКАТА!

Бракот на Меланија и Доналд Трамп е секогаш интересен за јавноста.

Имено Меланија Кнаус, како што е нејзиното моминско презиме, е трета сопруга на Трамп.

Нивната венчавка се случила на Палм Бич во Флорида, но она што е интересно е дека Меланија ја одбила понудата на Трамп нивната венчавка да ја пренесуваат регионалните телевизии.

Доналд Трамп не штедеше за неа, па ја запроси со дванаесеткаратен смарагден прстен.

Меланија во една прилика изјави дека таа самата се погрижила за органзирање на целата церемонија.

На денот на венчавката таа носеше гламурозна венчаница со потписот на Диор, која чинеше 150 илјади долари.

Венчаницата дизајнирана специјално за неа била тешка 25 килограми, а била изработена од 91 метар свила.

Оваа венчаница на Диор, заврши и на насловната страница на Vogue.

Меланија немаше класичен бидермаер како сите останати невести туку на раката носеше семејно наследено ланче со ситни ружички.

Свадбената торта беше на 7 спрата и висока дури метар ипол.

Важи за жена со стил!

 

Таа е жена која внимава на секој детаљ кога е нејзиниот стил во прашање, а бидејќи како млада била манекенка, научила и како да води здрав живот и да внимава на својата линија. Затоа таа и денес изгледа феноменално и зрачи со енергија на која ретко кој може да остане рамнодушен.

Меланија од девојка која живееше во едно мало гратче во Словенија стигна до функцијата Прва дама во Америка.

Пред да се омажи за Трамп беше манекенка. Во модниот свет ќе заплови на само 16 години кога и настануваат нејзините први професионални фотографии, додека се уште живееше во Словенија. Таа на нив изгледа речиси непрепознатливо, а низ медиумите не ретко се шушка дека има направено неколку пластични операции иако првата дама досега многу пати ги има демантирано ваквите гласини.

Клучни совети за убавина од Меланија Трамп

Таа ја користеше секоја пригода да ја нагласи важноста од здравата исхрана и користењето на органските производи наспрема брзата храна и готовите оброци.

Според магазинот GQ, Меланија пред да стане прва дама, подолго време беше посветена на мирниот семеен живот. Но таа и денес, и покрај обврските воопшто го нема запоставено својот изглед, ниту здравјето, задржувајќи ги позитивните навики од времето кога била манекенка и кога се придржувала до одредени режими на исхрана.

Таа редовно оди на долги прошетки со тегови на зглобовите на нозете. Покрај тоа секој ден јаде по седум парчиња овошје и ревносно се грижи за хидратација на кожата, како што своевремено самата ни откри во едно нејзино интервју.

 

Покрај ова оваа убавица родум од Словенија води грижа и да си легне порано, па многу пати и се случува да го остави нејзиниот сопруг сам и да си замине порано од некои забави кои се во склоп на нивните секојдневни обврски.

 

Меланија многу често отворено зборуваше и дека е против пластичната хирургија. „Никогаш немав никакви интервенции. Живеам здраво и се грижам за својата кожа и тело. Не сакам ботокс но и сите други слични работи.“

„Тоа го оштетува лицето и нервите. Секоја брчка што ја имам на лицето е моја и планирам во староста да изгелдам грациозно токму како и мојата мајка“, вели Меланија.

Инаку Трамп и Меланија се во брак 14 години а го имаат синот Барон.

Во продолжение фотографии од неколку модни погодоци со кои Меланија сите ги остави без здив …

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close