Кафе муабет

Иванка Трамп ни одржа модна лекција: Овој фустан ќе биде тренди оваа пролет- во ова дневно издание изгледа совршено

Секогаш внимава на детали...

Кога ќе се спомене една жена која е дел од семејството Трамп веднаш не асоцира на убавина и елеганција.

фото инстаграм/Иванка Трамп

Зедничко за сите жени во семејството е добриот стил. Од Меланија која постојано ги полни медиумите со своите модни изданија, можеме да научиме како да бидеме елегантни и женствени, а од Иванка Трамп како да изгледаме совршено дури и во дневната верзија.

фото инстаграм/Иванка Трамп

Нејзините трикови за убавина, секоја жена може да ги примени.

Кога ќе го слушнете името Иванка Трамп најверојатно прва асоцијација ви се гламур, дијаманти, високи потпетици и скапоцени фустани што и не е многу далеку од вистината. Но ќерката на новиот претседател на Америка има многу поедноставен стил, и тоа не само кога е облеката во прашање, туку и на начинот на кој се негува и ја подржува нејзината линија. Таа не е само успешна деловна жена, туку и мајка на три деца.

фото инстаграм/Иванка Трамп

Иванка по секоја од трите бремености без проблем ја врати својата првобитна линија. Покрај редовните тренинзи, Иванка внимава и што јаде. За ручек и вечера обично избира протеини, како што се пилешко или риба. Нејзиниот режим на исхрана е многу едноставен – се обидува оброците да и бидат што поздрави, со помалку калории, а повторно хранливи како што е на пример супа од зеленчук.

фото инстаграм/Иванка Трамп

Чорбичка од грашок или брокули и се омилени. Најчесто купува органски производи, а кога станува збор за нејзините трикови за убавина воглавно секоја жена може да ги примени. Нејзините омилени три препарати за разубавување се тониран балсам за усни, руменило за истакнување на јаболкниците и пудра со заштитен фактор. Како многу зафатена деловна жена, се обидува да биде што попрактична и поедноставна кога е облеката во прашање.

фото инстаграм/Иванка Трамп

„Она што ќе го облечам наутро, со тоа се играм и со децата на подот, ги возам во училиште и ги носам нивните торби со книги, а потоа одам на моите деловни состаноци. Гардеробата треба да работи за нас, бидејќи многу често се случува да немаме време да се пресоблекуваме“, изјави Иванка во една прилика за познатиот моден портал „InStyle“.

фото инстаграм/Иванка Трамп

Без накит не оди никаде бидејќи смета дека токму модните детали можат да ја зачинат секоја едноставна модна комбинација. „Деталите се клучни. Добра чанта и убаво парче накит ненаметливите модни комбинации ги подигаат на повисоко ниво, изјави Иванка за магазинот „Harpers Bazaar“. Она што можеби е најинтересно е тоа што Иванка не користи лак за нокти. Како што откри за порталот „InStyle“ таа не става лак за нокти бидејќи е презафатена и нема време да го менува, а брзо се брише. „Не трае ни три дена“, вели таа.

Фото Profimedia

Пред неколку дена Иванка Трамп беше фотографирана во исклучително едноставна облека, а фустанот кој го носеше остави впечаток на многумина.

Имено, таа носеше светлосин фустан со миди должина, а она што го прави интересен е горниот дел кој е врзан во јазол и открива минимум кожа.

Фото / Profimedia

Овој прекрасен фустан ќе биде пролетен хит и често ќе го гледаме на многу девојки, а Иванка го комбинираше со бели сандали.

Целиот стајлинг го надополни со кремаста кожа чанта и бисерни обетки а косата и беше во брановидни локни .

фото инстаграм/Иванка Трамп

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close