Кафе муабет

Најмладиот син на Брена во врска со нејзина колешка – како ли ќе реагира кога ќе дознае?

Помладиот Живојиновиќ фрлил око на пејачката Лена Чолак...

Веќе извесно време се шушка дека помладиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, започнал емотивна врска со млада талентрана пејачка.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ
Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ
Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Имено Виктор неодамна стави крај на врската со Сандра Миљаковиќ со која беше во љубов две години, наводно поради непомирливите разлики меѓу нив.

Сега на големо се пишува дека помладиот Живојиновиќ фрлил око на пејачката Лена Чолак која јавноста ја запозна како натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ
Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ
Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

– Виктор и Лена се познаваат подолго време, а таа била ангажирана да пее на приватните прослави на семејството Живојиновиќ. Дури и тогаш, таа го привлече вниманието на Виктор, но меѓу нив никогаш не се случи ништо. На Виктор му се допаѓа колку е Лена амбициозна и спонтана, особено му е драго што кариерата не ја гради врз скандали. Не се надевал дека и таа ќе се појави на настанот на кој бил тој, па кога ја видел многу се израдувал – изјавил извор за „Стар“.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Исто така, како што понатаму се наведува, Лена и Виктор се во тајна врска, бидејќи тој наводно не е подготвен да и каже на мајка си дека се гледа со неа судејќи по тоа што таа наводно го поддржува неговото помирување со Сандра.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

– Тој веднаш тргна во акција. Тие наздравуваа цела вечер, се смееја, а по настанот заедно со останатите од друштвото продолжија да се забавуваат. Колку што знам тие се во некоја тајна врска која се уште ја кријат бидејќи Виктор не смее да и каже на Брена дека се гледа со пејачката. Таа се уште навива да се смири со Сандра бидејќи ја засакала како ќерка – завршува изворот за „Стар“.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

За гласините не коментираа ниту Лена ниту Виктор па останува на времето да покаже дали е сето ова вистина.

Фото Инстаграм/Лена Чолак
Фото Инстаграм/Лена Чолак
Фото Инстаграм/Лена Чолак
Фото Инстаграм/Лена Чолак

За потсетување, Виктор пред некое време за медиумите призна дека со Сандра планирале да направат свадба.

ФОТО: Инстаграм/Сандра Миљаковиќ
ФОТО: Инстаграм/Сандра Миљаковиќ
ФОТО: Инстаграм/Сандра Миљаковиќ

„Планираме гала – прослава со 500 гости. Ние од фамилијата Живојиновиќ сме многу, така што планираме да најдеме голем простор на отворено. Нема да правиме свадба се додека потполно не се смири ситуацијата со коронавирусот. Но на Сандра и на мене не ми пречи да чекаме, ние се однесуваме како да сме веќе во брак“, рече Виктор тогаш.

ФОТО: Инстаграм/Сандра Миљаковиќ

Но очигледно Виктор и Сандра во меѓувреме ги промениле „плановите“. Како што пренесуваат медиумите, тие останале во коректен однос, но дали ќе се смират или не, останува да видиме во периодот што следува.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close