Кафе муабет

ОВА НИКОЈ НЕ ГО ЗНАЕШЕ ЗА ДРАГАНА МИРКОВИЌ: Пред да се омажи со Тони беше во брак со овој бизнисмен!?

Пејачката не се огласи по овие написи...

Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ остана непознат за јавноста, бидејќи пејачката единствениот официјален брак го имаше со сегашниот сопруг Тони Бијелиќ, но познат бизнисмен и естраден менаџер еднаш откри дека се оженил со Драгана, пред неколку децении …

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ, ако воопшто може да го наречеме така, беше политичарот и естраден менаџер Зоран Башановиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Имено, како што пишуваа медиумите, Зоран во текот на 90-тите години на минатиот век и бил менаџер на пејачката, но и нејзно момче.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Двајцата наводно уживале во љубовта а потоа на крајот на минатиот век ставија крај и на деловните и на приватните односи.

фото принтскрин

Драгана набрзо го запознала Тони Бијелиќ, со кого се омажила во 2000 година без голема медиумска помпа и има две деца, Мануела и синот Марко.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

На општ шок во јавноста, Зоран во интервју пред повеќе од една деценија откри дека Драгана и тој наводно се венчале со Лас Вегас.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

-Тогаш поминувавме многу време во странство, а кога не работевме, одевме што подалеку, бидејќи само таму имавме мир. Туристички свадби има на далечни дестинации и острови каде луѓето прават свадба за забава. Така Драгана и јас се венчавме во капела во Лас Вегас, како и многу познати парови, но таа свадба никаде не е регистрирана и не важи. Ако се зборуваше за тајна свадба, сега не е – открил Башановиќ во 2010 година, пренесува „Пулс онлајн“.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Исто така, Драгана и бизнисменот не останале во контакт, а откако се забавувал со пејачката Мира Шкориќ, се оженил со извесна Бојана од Нови Сад, со која добил ќерка.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Интересно е тоа што Драгана важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот а во текот на целата своја кариера, која продолжува, немаше скандали, ниту ги коментираше различните медиумски наводи за нејзиниот брак со Тони Бијелиќ. Сепак, во едно неодамнешно интервју пејачката откри како се снашла со животните предизвици и луѓето кои не и посакувале добро.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Исповедта на Драгана Мирковиќ изненади многумина, судејќи по тоа што пејачката никогаш не навлегувала во детали од нејзиниот приватен живот но овој пат истакна дека одредени луѓе сакале да и го „расипат“ бракот.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Нејзината љубовна врска со бизнисменот Тони трае долги години, а опстанала затоа што, како што вели Драгана, таа е вистинска, и никој не можел да влијае на неа.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Со него се ми беше полесно, секако, кога знаеш дека имаш своја оаза на мирот, се е полесно. Кога имаш семејство околу тебе, сите рани зараснуваат. Не само што запознав добри луѓе во кариерата, имаше и лоши, туку со нив научив дека некои работи не ме повредуваат толку како порано. Не е лесно бракот да се држи подалеку од јавната сцена, а замислете кога имате луѓе кои сакаат да ви ја расипат идилата. Имаше луѓе кои сакаа да не разделат, имаше приказни, натписи… Но ние сме едно, невозможно е да не поделат. Имав среќа да најдам личност која е слична на мене– изјави таа во емисијата „Премиера – викенд специјал“.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Покрај тоа што Драгана зборуваше за луѓето кои се обиделе да го нарушат нејзиниот хармоничен брак, таа се осврна и на болеста на Тони, која беше голем удар за нив.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

-Не знам ни како се дозна дека е болен, никогаш ништо не криев од јавноста, но ова не го кажав. Не давав никакви изјави, бидејќи бев толку загрижена што бев во состојба на бунт, а бев силна пред него. Тоа беше голем шок за мене, но за среќа, сето тоа го поминавме сега се е во ред – додаде таа во споменатата емисија.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Судејќи по тоа дека ги преживеале сите животни тешкотии и се соочиле со многу предизвици, со кои Драгана и Тони се соочуваат и денес, се добива впечаток дека по 21 година брак ништо не може да ги спречи да ја живеат својата бајка, па тие се еден на друг најголема и најискрена поддршка.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close