Кафе муабет

Зборови кои секоја жена треба да му ги каже на мажот: Еве како Фрида Кало му ги „отворила очите” на сопругот!

Диего често ја изневеруваше, а за да му се одмазди, започна разни авантури и со мажи и со жени...

Фрида Кало чие целосно име било Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон е истакната мексиканска сликарка, најпозната по нејзините автопортрети.

Нејзиниот живот би бурен и многу незгодни случувања оставиле траг длабоко во неа.

Првиот сопруг Диего Ривера го запознала преку пријател во 1929 година, а тој бил 21 година постар од неа. Тој во тоа време веќе беше препознатлив сликар, па затоа Фрида сакаше токму тој да ги разгледува и оценува нејзините дела. Диего бил фасциниран од нејзината работа. Поради големата разлика во изгледот и висината, тие честопати биле нарекувани „слон и гулабица“.

Набргу по венчавката, што се одржа на 21 август 1929 година, Фрида сфати дека Ривера освен што е нејзин сопруг, сепак тој се гледа и со други жени, вклучувајќи ја и нејзината сестра. Тој копнееше за слобода и сакаше да биде сопственик на секоја жена, и тоа му обезбеди неповредлива репутација. Тој беше физички непривлечен, но жените сепак се фрлаа во неговите прегратки.

Многу дами сакаа да му позираат и да бидат овековечени во неговите мурали. Тие ја гледаа романсата со него како пат кон вечноста.  Диего често ја изневеруваше, а за да му се одмазди, започна разни авантури и со мажи и со жени. Сето ова остави длабока трага на Фрида во форма на душевна болка. Таа немаше деца.

Фрида Кало освен што била извонреден уметник таа е позната и по своите цитати. Во една прилика му рекла на нејзиниот сопруг:

Не те замолувам да ме бакнеш, или да ми се извиниш кога ќе згрешиш. Дури и нема да те замолам да ме гушнеш кога ми е најпотребно. Не те замолувам да ми кажеш колку е убава, или да ми напишеш нешто убаво дури и нема да те замолам да ми се јавиш да ми кажеш како ти помина денот или да ми кажеш дека ти недостасувам. Нема да те замолам да ми се заблагодариш за сè што правам за тебе или да се грижиш за мене кога ќе ми потоне душата и секако нема да те замолам да ме поддржуваш во моите одлуки. Јас дури и нема да те замолам да ме слушаш кога ќе имам илјада нешта да ти кажам.Нема да те замолам да сториш ништо, дури ни да не бидеш со мене засекогаш. Затоа што ако треба да те молам, не те сакам повеќе.

Животот на Фрида Кало

Фрида Кало била ќерка на Вилхелм Кало, германец, роден во Баден-Баден од еврејски родители, и кој подоцна од Унгарија емигрирал во Мексико.

Имала мошне бурен живот. Тврдела дека се родила во 1910 год. и дека е ќерка на Мексиканската револуција и на современо Мексико. Нејзиното уметничко творештво во последните години било изложено на превреднување, особено во Европа преку поставување на многубројни изложби.

Уште како малечка имала деформација на ‘рбетниот столб која нејзините родители и луѓето во опкружувањето мислеле дека е детска парализа (од истото боледувала и нејзината помлада сестра).

Уште од раната младост покажала изразит уметнички талент и еден независен и страстен дух кој се противел на секоја општествена конвенција.

Подоцна станува жртва во сообраќајна несреќа која настанала меѓу автобусот во кој се возела и трамвај и како последица на истата се здобила со фрактура на ‘рбетниот столб. Имено, држач од автобусот ѝ се забил во грбот при што ѝ предизвикал силно крвавење. Тоа ќе ѝ го обележи животот приморувајќи ја на бројни хируршки интервенции. Веднаш по несреќата, откако била пуштена од болницата, била приморана да лежи во кревет со гипс на горниот дел од телото. Оваа принудувачка ситуација ја поттикнала да чита книги во врска со комунистичкото движење, како и да црта (нејзиниот татко исто така бил сликар).

Првото нешто кое го насликала било нејзиното стапало кое успевала да го види меѓу покривките од креветот. Оттука изборот на родителите да ѝ подарат кревет со балдахин и со огледало на неговиот таван, за да може да се гледа, како и бои; оттаму започнала серијата на автопортрети. Откако ѝ бил отстранет гипсот, успеала да почне повторно да оди, иако со многу болка која ќе ја поднесува целиот свој живот. Му ги однесла своите слики на Диего Ривера, истакнат ѕиден сликар од тоа време, за да даде своја критика. Ривера бил толку погоден од модерниот стил на младата сликарка што ја зел под своја закрила и ја вовел на политичко-културната мексиканска сцена.

Набрзо станува активистка во мексиканската комунистичка партија чиј член станала во 1928 год., учествувала на бројни манифестации, а во меѓувреме се вљубила во својот „водич“ и ментор. Всушност, на 21 август 1929 год. се омажила за Ривера, кој за него претставувал веќе трет брак, и покрај тоа што таа знаела дека со тој брак ќе оди во пресрет на неговите бројни вонбрачни љубовни авантури. Таа, од своја страна, го правела истото, стекнувајќи дури и бисексуални искуства.

Несовршениот брак со Диего

Во тој период на Ривера му биле доделени некои уметнички задачи во САД, како на пример сликањето на ѕидовите во внатрешноста на Рокфелер Центарот во Њујорк и фреските за меѓународниот саем во Чикаго.

Подоцна поради реакцијата која ја предизвикал со една фреска во Рокфелер Центарот на која работник бил јасно насликан со лицето на Ленин, веднаш му биле откажани сликарските ангажмани. Во истиот период на престој во Њујорк, Фрида останала бремена, за подоцна да има спонтан абортус во поодминат стадиум на бременоста, кој бил предизвикан поради несоодветноста на нејзината физичка конституција да ја издржи бременоста. Тоа, се разбира, многу ја потресло. Тогаш одлучува, заедно со сопругот, да се вратат во Мексико.

Двајцата одлучуваат да живеат во две одвоени куќи, кои, сепак, биле поврзани со мост, за да можат двајцата сликари да имаат свој уметнички простор. Во 1939 год. доаѓа до развод поради неверството на Ривера со сестрата на Фрида.

Повторно се омажила за Ривера во 1940 год. во Сан Франциско. Од него попримила стил во духот на наивното сликарство на кој насликала мали автопортрети инспирирани од народната уметност и од преколумбиските традиции. Нејзината јасна намера била, преку сликање на теми од домородните цивилизации, да го нагласи недвосмислено својот сопствен мексикански идентитет.

Нејзина најголема болка бил фактот дека немала деца. Нејзината страствена љубовна приказна со Ривера е раскажано во еден нејзин дневник. Имала – велат хрониките – бројни љубовници од двата пола чии имиња, ни во тоа време, не можеле да не останат незабележани како на пример она на рускиот револуционер Лав Троцки и на поетот Андре Бретон. Била пријателка и веројатно и љубовница на Тина Модоти, милитантен комунист и фотограф од Мексико во дваесеттите години на XX век.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close