Кафе муабет

Прво автомобил од 400.000 евра а сега и луксузно патување на Малдиви! Драгана Мирковиќ покажа во каков луксуз ужива со сопругот

Не штеди на неа...

Пејачката се впушти во вистинска авантура, а пејзажите во кои ужива ретко која ѕвезда може да си ги дозволи.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Неколку дена откако за Денот на жената доби прескап автомобил „Maybach S 680“ од Тони Бијелиќ, сопругот на Драгана Мирковиќ приреди уште едно изненадување и двајцата заминаа на заеднички одмор на Малдивите.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Фолк ѕвездата и австрискиот бизнисмен кон крајот на зимата заминаа на одмор на егзотична дестинација, а хотелот што го избраа е „W Maldives“ од синџирот на кој припаѓаат Риц Карлтон и Шератон, чии членови се и тие па имаат ВИП третман.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Бидејќи немаат деловни обврски, можат целосно да се посветат еден на друг, а Драгана е позната како голем авантурист, што уште еднаш го покажа кога се испроба во падобранството.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Фолк кралицата летала над Индискиот Океан на височина од над педесет метри и глетката го одземала здивот, но сепак посочи дека добила вртоглавица.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

– Сè уште го задржав детето во себе кое сака се да пробува и не се плаши од ништо. Јас сум горда на тоа. Беше исклучително возбудливо да се лета, а деновиве планирам да организирам нуркање. Сето ова секако ни се допаѓа и добро ќе ни биде да ги наполниме батериите пред деловните обврски што не очекуваат од пролет – рече Драгана.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Драгана Мирковиќ повеќе од две децении ужива во хармоничен брак со Тони Бијелиќ, а австрискиот бизнисмен се уште не ја пропушта можноста да и покаже на фолк ѕвездата колку ја почитува и сака.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Така Тони и приреди големо изненадување за 8 март, кое речиси ниту една пејачка не го доживеа. Имено, Мирковиќ годинава од сопругот добила автомобил вреден дури 400.000 евра.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

– Тони организираше се во строга тајност. Колата беше донесена во гаражата, украсена со машнички, а масата со шампањ и слатки беше подготвена. Драгана се стаписа кога видела колку се трудел да ја израдува – вели извор близок до фолк ѕвездата.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Дека сериозно се потрудил говори и тоа што и купил „Мајбах С 680“ на Мирковиќ, за кој веќе има двегодишна листа на чекање во светот. Но, како сопственик на фабриката за модели „Maybach Coupe“, Бијелиќ успеа да стигне до врвот на листата, па Драгана го доби еден од првите произведени модели. Автомобилот кој ќе може да се вози доаѓа со целосно револуционерни технички иновации, целата внатрешност е во бела кожа, а клучевите се во боја на розово злато.

 

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close