Кафе муабет

НАЈБОЛНАТА ТЕМА ЗА ЛЕПА ЛУКИЌ: Се кае за абopтусот поради кој остана без деца!

Пејачката поради грешка во абоpтуc остана без деца...

Лепа гордо ги носи своите години а нејзиното добро здравје и младост се должи на нејзината весела природа, силниот имунитет и генетиката што ги наследила од нејзината мајка.

Пејачката Лепа Лукиќ за време на својата кариера беше позната како дама без влакна на јазикот, па во лице го кажуваше сето она што го мислеше.

Таа зад себе имаше бурен живот, кој никогаш не го криеше од јавноста, но и покрај толку работи што се познати за неа, постои и нешто што речиси никој не го знае. А тоа е дека нејзиното вистинско име е Лепава Мушовиќ.

81 годишната кралица на народната музика, Лепа Лукиќ има болно минато. Таа во една прилика реши да проговори за нејзината најболна тема, а тоа се децата.

Имено пејачката абоpтирала во својата младост, а после тоа сакала да има наследници, но желбата и останала неисполнета.

– Тоа беше пред повеќе од 55 години. Тоа беше рана бременост, детето практично не беше зачнато кога абортирав. Многумина го прават тоа, така што потоа имаат пет или шест деца – рече таа.

– Не знаев дека ќе заврши вака. Не знам и никогаш нема да знам дали тој абортус влијаеше врз мене да немам повеќе деца. Никој не ми го кажа тоа – зборуваше пејачката за болна тема, која обично ја избегнува.

Оваа информација пред неколку години ја потврди и нејзиниот поранешен сопруг Влада Перовиќ кој го фати како ја изневерува, за српски Курир откри дека Лепа не можела да стане мајка поради лекарска грешка при абoртус.

-Пред да стапиме во брак, Лепа имаше абортус. Лекарите не го изведоа добро зафатот, имаше компликации потоа, и од тогаш повеќе не можеше да забремени. Мене не ми пречеше што немаме наследници, зошто навистина ја сакав. Таа својата тага ја криеше од јавност, а во себе длабоко и искрено патеше. Долго себеси се обвинуваше за сето тоа, ја носеше таа вина на душа со години. Се надевам дека успеа да се избори со тоа, и дека си прости себеси, изјави тогаш Перовиќ.

Во ноември главна вест во медиумите беше тестаментот на пејачката. Имено таа реши да напише тестамент и наводно се што стекнала во текот на својот живот ќе остави на својот внук Радослав.

Она што изненади многумина е тоа што пејачката во тестаментот ја вметнала и својата мачка.
Во тестаментот пејачката посочила дека Радослав ќе добие ресторант, два стана, куќа и сите нејзини заштеди но само доколку се грижи за мачката Маза.

Во продолжение неколку фотки од Лепа на почетокот на кариерата…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close