Дом и семејство

Пет причини зошто треба секој ден да го масирате вашето бебенце

Масажата се прави кога бебето е суво, сито, одморено и мирно, во топла и проветрена соба со пригушено осветлување и музика што опушта, на под или в кревет.

Додека го масирате, гледајте го в очи, разговарајте со него, бакнувајте го… Уживајте, па и вашето чедо ќе ужива. Ако се прашувате дали ќе умеете, не грижете се. Опуштете се и следете го вашиот инстинкт. Секој родител знае што му годи на неговото дете, особено додека е сосема мало и не знае да ги изрази своите чувства.

Верувајте дека времето што сте го издвоиле за оваа активност повеќекратно ќе ви се врати, бидејќи масажата навистина благотворно делува на бебето.

Го стимулира растот и развојот

Масажата го стимулира физичкиот, емоционалниот и социјалниот развој на вашето бебе. Таа му овозможува на бебето да го запознае своето тело преку допир во безбедна средина. Бидејќи кожата е изградена од истото ембрионско ткиво како и мозокот на бебето, нејзината стимулација ќе го поттикне и поврзувањето на клетките во мозокот.

Премини на следната страна >>

1 2 3Next page

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close