Дом и семејство

Неколку совети за здрава бременост – заштитете го здравјето на вашето бебе и на самите вас

Првите месеци на бременоста се од суштествено значење за растот и развојот на вашето бебе. 

Првите месеци на бременоста се од суштествено значење за растот и развојот на вашето бебе. Токму затоа во овој период треба да посветите посебно внимание на заштитата на здравјето на вашето бебе и на самите вас.

Најдете си гинеколог и редовно одете на прегледи

Посетите на гинекологот се исклучително важни и за вас и за вашето бебе. На вашиот прв преглед (обично околу 8 недели) ќе се утврди дали имате некакви симптоми или проблеми што можат да доведат до компликации.

Пијте преднатални витамини 

Повеќето преднатални витамини содржат повеќе фолна киселина, железо и калциум отколку вообичаените мултивитамини бидејќи на бремените жени им се потребни поголеми колични. Сепак, не претерувајте со количините што ги земате бидејќи тоа може да биде опасно по вашето здравје и здравјето на бебето. Важно е да се зема фолна киселина кога се обидувате да забремените и во текот на првите 3 месеци бидејќи таа го намалува ризикот од појава на аномалии на невралната цевка кај плодот.

Консултирајте се со вашиот доктор за лековите што ги земате

Mногу лекови не се безбедни во текот на бременоста, вклучувајќи ги и оние што се купуваат без рецепта. Ако земате лекови за некое хронично заболување не ги прекинувајте без консултации туку посоветувајте се со вашиот доктор како да продолжите понатаму во текот на бременоста. Наведете се што пиете, дури и суплементите и чаевите.

Премини на следната страна >>

1 2Next page
Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close