MAMA

Вака изгледа мајчинството кога НИКОЈ не ве гледа

Ова е... реалниот живот на многу мајки.

После работа и собирањето на децата од градинка или училиште, реалниот живот на една мајка, кога никој не ја изгледа, е многу поинаков отколку што другите го замислуваат.

Тоа значи подготвување вечера, обидување да се исчисти куќата, туширање, држење на едното и миење на другото дете. Тоа е исцрпеност.

Тоа е преплавеност од обврски.

Понекогаш е чувство на пораз..

Тоа е љубов кон малите дечиња.

Тоа е кога се трудиш со целото свое тело денот да им го направиш најубав, им ја пружиш љубовта на своите малечки, дури и кога сте уморни.

Тоа е кога на мајките им треба само ДВЕ минути мир, далеку од светот, длабоко да вдишат, да ја вратат својата сила и да продолжат да работат на други работи кои треба да ги направат пред да ја спуштат уморната глава на перницата и да потонат во сон.

Дури и кога се целосно исцрпени, мајките и понатаму дишат, стануваат и ги поздравуваат бебињата со голема доза љубов.

Реалниот свет на мајките е полн со обврски, нервози, стрес, умор, исцрпеност, неуредност… но, реалниот свет на мајките е полн со НЕИЗМЕРНА и БЕЗУСЛОВНА љубов!

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close