MAMA

Мајко, не е важен полот на детето, важно е тоа што со оваа бременост си благословена од Бог

Воопшто не е важно дали носите машко или женско дете.

Зар има некој поголем благослов од твоето дете? Најголемата среќа и достигнување кои може да ги добие еден брачен пар е нивното остварување како родители. Гледајќи ја таа невина среќа во нашите раце, сфаќаме колку љубов може да се подари на овој свет.

Затоа, мајко, не грижи се поради туѓите коментари околу полот на твоето бебе. Зар тоа е толку важно? Секое дете носи радост, среќа, смисла за живот, без разлика на полот. Уште од старо време е останато да се тежнее кон машкиот пол, сметајќи дека така почнуваат добрите работи во годината, дека на тој начин се продолжуваат фамилијарните традиции.

Но среќа даруваат и машкото и женското. Секој нов миг кој почнува гледајќи во тие мали детски и искрени очи, е миг кој дава сила за да продолжиме понатаму во животот. Децата ни даваат до знаење колку може да биде убав светот. Преку нив ние се градиме како личости, а со нив растеме во нешто ново, стануваме нова личност, похрабра и поборбена.

Мајко, со самата бременост ти си благословена. Ти даваш живот, а нема поубаво од тоа. Преку детето ти ја шириш љубовта на овој свет, создаваш нови вредности, го продолжуваш човечкиот род.

Се’ додека една личност не добие дете, не сфаќа колку сила се крие во неа, но и колку љубов може да собере едно срце!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close