MAMA

Новата Месечина прави чуда: Направете ги овие 3 ритуали во 13 часот и погледнете како вашиот живот се менува на подобро!

Време е да go започнеме синџирот на позитивни настани и да отфрлите сè што ви претставува товар.

Време е да гo започнеме синџирот на позитивни настани и да отфрлите сè што ви претставува товар.

Во четврток, 17 септември, во 13 часот, започнува нова лунарна фаза.

– Новата месечина. Ова е идеален период за да направите некои промени во вашиот живот, бидејќи сè што ќе започнете сега ќе резултира со успех што ги надминува дури и најлудите очекувања.

За максимално искористување на чудесната моќ на Новата месечина, извршете ги овие три ритуали.

  1. Верувајте во невозможното

Ако сте ја изгубиле вербата дека нешто во вашиот живот некогаш ќе се промени на подобро, сега е време да ја повикате космичката енергија за помош.

Застанете пред огледалото, погледнете во вашите очи и кажете:

– Во овој момент живеам во надеж, верувам дека ќе ми се случи она што е најдобро за мене.

Кажете го убедливо, убедете го Универзумот дека навистина верувате во моќта на кажаното. Ако живеете во надеж дека нешто што посакувавте конечно ќе се оствари, Универзумот ќе стори се за тоа да се случи.

  1. Заблагодарете му се на вашето тело

Органите на кои влијае Месечината кога е во знак на Девица се  грлото, гласните жици и тироидната жлезда.

Овој ритуал е поврзан со афирмациите и Законот за привлекување.

Заземете удобна позиција и кажете тивко:

– Го почитувам моето тело и добро се однесувам кон него. Зрачам со добро здравје и благосостојба. Јадам здраво. Изразувам благодарност до моето тело затоа што е еластично, силно, здраво и витално. Мојот ум и моето тело се совршено синхронизирани.

  1. Отфрлете ги нездравите навики

Новата месечина е идеален момент да се ослободите од некои нездрави навики. Бидејќи овој лунарен месец започнува во четврток, 17 септември во 13 часот, обидете се да не консумирате алкохол, кафе, газирани пијалоци и тешка храна до петок во 13 часот. Започнете го денот со чај од камилица или ѓумбир, а пред да седнете да јадете, „понудете“ го вашиот оброк на Новата месечина. Затворете ги очите, замавнете ја раката преку плочата и кажете:

– Ви благодарам што ми дозволивте да го подобрам моето здравје!

Не станувајте веднаш по оброкот. Седнете уште петнаесетина минути и запомнете ги убавите работи што ви се случиле досега. Благодарноста е клучот за среќен, задоволен и исполнет живот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close