MAMA

Изгубила 50 килограми и буквално го смени личниот опис: Со помош постот кој го користи и Ноле

Друг доказ дека автофагијата навистина дава резултати

Друг доказ дека автофагијата навистина дава резултати

Јутуберката Рејчел Шарп Олсен успеа да изгуби неверојатни 50 килограми со помош на автофагија, односно диета „наизменично постење“. Таа го смени личниот опис, а многумина не можат да ја препознаат … Рејчел Шарп Олсен (27) од Мисури тежеше 107 кг пред четири години, јадеше ефтини и брзи оброци кои немаа хранлива вредност.

– Јадев најевтина храна, која не е секогаш најздрава. Згора на тоа, не вежбав многу, се чувствував безвредно – вели оваа Американка.

Пресвртот  се случи кога одлучила дека сака да ги смени лошите навики во исхраната по прошетката со нејзиното момче, кога одејќи по патека долга само два километри буквално ја оставила без здив.После одењето со тогашното момче не можела да се врати во автомобилот. За точно 14 месеци, таа успеа да изгуби дури 50 килограми благодарение на светски познатата диета – автофагија.

Автофагијата се фокусира на различни циклуси на оброци, вклучително и дневно постење, наизменично и периодично постење.

– Понекогаш ме прашуваат дали е моја возачката дозвола  затоа што изгледам сосема поинаку на сликата – признава Јутјуберката.  Овој вид диета има толку многу придобивки, вклучително и намалување на шеќерот во крвта. Никаде не најдов дека постот е воопшто опасен и редовно ги прашувам лекарите совети за безбедноста на телесната тежина – објасни Рејчел.

Типичениот оброк порано се состоеше од палачинки, вафли, хамбургери, пица, чипс и тестенини, а сега јаде овес, салата, туна, пилешко со салата од зеленчук …

Рејчел страда од физичка диморфија (нарушување што го става човекот во искривена слика на своето тело), ​​но истакнува дека таа добива огромна поддршка од многуте следбеници на YouTube.

– Губењето тежина е најдоброто нешто што сум го направил досега за моето здравје и среќа. Се чувствувам подобро физички и психички. Повеќе не сум срамежлива и резервирана. Луѓето сега ми кажуваат колку се горди на мојот успех и колку неверојатно изгледам – ​​истакнува оваа жена.

Таа рече дека нејзин омилен комплимент е кога корисниците на Интернет коментираат колку може да се види дека сега е посреќна.

Во новиот разговор на својот Инстаграм профил на Новак Ѓоковиќ,  специјалист по интерна медицина и професор на Високата школа за образување педагози во Нови Сад – Драган Иванов за исхраната го објаснуваат овој начин на исхрана.

Иванов, кој е вегетаријанец уште од раѓање, даде совет за исхраната преку разговор  со Новак, пред првиот светски тенисер да ги открие неговите методи.

“Јас би допрел на темата автофагија. Колку и да е важно, овој вид на пост 16-8 е популарен. Тоа значи да не јадеш 16 часа и да јадеш осум часа. Јас се држев на постот последната година и пол. Почувствував големо подобрување во системот за варење “, рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ објасни дека поради тоа, тој спие подобро и има повеќе енергија во текот на денот.

Иванов советуваше дека е важно да се распоредат оброците и да се придржуваме до квалитетна храна како овошје, житарки, ореви…

Автофагија е метаболитички процес кој клетките го користат за да ги разградат и рециклираат нивните компоненти и од телото да ги исфрлат сопствените отпадни работи. Тоа е облик на чистење на клетките. Телото ја препозната старата и некорисна опрема на клетките и ја означува за уништување.

Тоа е акумилација на „безвреден материјал“ во телото кој може да биде одговорен за многу последици на стареењето. Постот всушност е многу покорисен од самото стимулирање на автофагијата.

Таа прави две добри работи: со стимулирање на автофагија, ги чистиме нашите стари, „лоши“ протеини и делови од клетките, постот исто така го стимулира хоромонот на растење, кој му говори на нашето тело да почне да произведува некои нови посилни делови од телото, со што на телото му осигуруваме целосна обнова.

„Препорака е да не се конзумира ниту било каква храна (освен вода) 16 часа во денот, најдобро од попладне после оброкот до следниот ден. Појадокот би требало количински да биде најсилен оброк“, рече докторот во неговата емисија.

Автофагијата ја претстави Јошинори Ошуми, јапонски биолог, експерт за биологија на клетките, а кој во 2016 година доби Нобелова награда за психологија односно медицина токму поради откривањето на механизмот – автофагија.

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close