MAMA

Таман кога ќе решите да пиете кафе, вашето дете се буди – смешни ситуации во кои ќе се пронајдат сите мајки

Веруваме дека и вам ви се познати овие ситуации кои се повторуваат секојдневно...

Во продолжение ви прикажуваме некои најчести смешни ситуации кои ги издвоиле мајките. Кои најчесто ви се случуваат? Имате ли да додадете уште некоја на оваа листа?

Во моментот кога седнавте да пиете кафе, вашето дете се буди и плаче

Не е важно колку долго претходно спиело детето, оној момент кога одлучивте малку да се одморите, вашето дете се буди. Понекогаш сите родители се прашуваат дали нивните деца имаат некои посебни сензори?!

Кога ќе кажете дека детето ја приспива цела ноќ, ви се случува да имате ноќ кога нема ни око да склопите

Конечно можете да се пофалите дека детето ја преспало цела ноќ, без да се разбуди. Се чувствувате како целосно нова жена и одлучивте тоа да го споделите со вашите пријателки. Голема грешка! Баш тоа дете одлучило наредната ноќ да ве држи будни, а вие едвај успевате око да склопите.

Штом ќе го земете телефонот и ќепочнете да разговарате, вашето дете почнува да вика

Детето е среќно и задоволно, си игра и вие сфаќате дека е вистински момент да ѝ се јавите на вашата мајка, брат, сестра, пријателка… Но, во моментот кога сте опуштени и разговарате, детето одлучува да го бара вашето внимание, да разговара или да сака да се вклучите во играта со него.

Кога изгледате ужасно, секогаш среќавате некој непознат

Постојат и такви денови кога едноставно сте немале време да ја измиете косата, детето не спиело добро, подочниците се се’ поголеми, а на облеката ви се гледаат и дамки од детската храна. И секако дека баш тогаш ќе сретнете некој колега од работа или пријателката од средно училиште која изгледа совршено.

Куќата е несредена, а вашата свекрва одлучува да ве посети

Во собите имате расфрлано играчки, храна, прашината не е избришана. Меѓутоа, вашата свекрва одлучиле токму тогаш да дојде и да си поигра со внучето.

Колку повеќе готвите, детето се’ помалку јаде

Со часови готвите здрави и креативни јадења, купувате здрави намирници и не сакате јадењата да ви изгледаат досадно. За своето дете го сакате само најдоброто. Но, вашето дете одлучува ништо од тоа да не му се допадне, а она јадење кое минатиот пат му било омилено, сега не сака ни да го погледне…

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close