MAMA

Што мразат мажите кај своите сопруги?

Проверете дали и вие ќе се пронајдите во некоја од овие ситуации...

Ве интересира ли што мисли вашиот сопруг навистина? Една мајка одлучила искрено да зборува со својот сопруг за тоа што точно тој мрази кај неа. Еве што порачал нејзиниот сопруг.

Кога мислиш дека си дебела

Верувај ми, попрво ќе го забележи тој твој незадоволен израз кога се гледаш во огледалото, отколку кога имаш 2-3 килограми вишок. Да ме прашуваш мене, тој вишок е целосно невидлив, но кога ќе почнеш со тие изјави, тоа е единствениот вишок кој твојот сопруг никогаш не сака да се гледа на тебе.

Кога самата си здаваш премногу задачи и си вршиш притисок на себе

Себеси си задаваш многу задачи, планови, притисок, па не е ни чудно што секој ден си нерасположена. Никој не бара од тебе да работиш толку брзо, да бидеш на секое случување и да правиш се’ за сите. Половина од тоа не е ни нужно.

Кога мислиш дека мораш постојано да бидеш совршена

Масна коса, депилирани нози… па многу често тоа и не е вжно. Ни менструацијата не е важна. Зошто жените мислат дека постојано треба да бидат совршени. Во ред е само да се биде човек, зар не?

Кога се споредуваш со другите жени

Вистина е дека многу жени својата сила ја црпат од неуспехот и маните на другите жени. На мажите тоа никогаш нема да им е јасно.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close