MAMA

Само на овој начин можете да го спречите ширењето на коронавирусот во вашиот дом

Коронавирус дом, зараза

Само така можете да спречите пренесување на коронавирус во вашиот дом во текот на зимските месеци

За сите луѓе кои се загрижени за доаѓањето на долга, студена зима, научникот има еден добар совет за да спречи инфекција.Отворањето прозорец може да биде клучен фактор за намалување на ризикот од пренесување на вирусот корона, вели експертот.

Како што температурите почнуваат да опаѓаат, така ќе поминуваме сè помалку време надвор, а собирите со пријателите на отворено ќе ги замениме со престој дома, придржувајќи се кон правилата и мерките за да се спречи ширењето на болеста Ковид-19, се разбира. Затоа, многу е важно да ги обезбедиме нашите домови.

Иако знаеме дека мора да ги миеме рацете што е можно почесто и да одржуваме физичко растојание кога се среќаваме со други луѓе во затворено, научниците веруваат дека постои дополнителна претпазливост што можеме да ја преземеме – отворање прозорци.

Професорот Шон Фитсџералд, научник од Универзитетот во Кембриџ, за „Тајмс“ изјави дека вентилацијата може да стане исто толку важна за спречување на ширење на вирусот, како миењето на рацете и социјалното дистанцирање. Зошто?

Бидејќи ја запира акумулацијата на честички на вирусот во воздухот во просториите. Но, тоа не значи дека треба да ги одржувате сите прозорци во куќата целосно отворени, вели професорот Фитсгерлд.За среќа, излегува дека всушност ви треба помалку свеж воздух во текот на зимата поради температурната разлика помеѓу и надвор. Колку е поголема температурната разлика, толку е поголем протокот на воздух.

Професорот Фицџералд ви предлага да го отворите прозорецот и, ако можете, оставете го отворен еден час откако вашиот пријател ќе биде во вашата дневна или друга просторија.

Ова не е прв пат да се зборува за придобивките од вентилацијата во просторијата во смисла на намалување на ризикот од ширење на коронавирус.

Уште во јули, група научници напишаа писмо, објавено во списанието Клинички инфективни болести, во кое се наведува дека Ковид-19 не се шири само со допир и респираторни капки од устата и носот на заразено лице, туку и со многу мали фреквенции – аеросоли, кои остануваат суспендирани во воздухот. Една од научниците, Сузан Роаф, професор по архитектонско инженерство на Универзитетот Хериот Ват во Единбург, исто така се согласува со професорот Фитсгерлд, тврдејќи дека едноставно отворање прозорци е ефикасен начин да се спречи ширењето на новиот вирус.

Според професорот Роаф, отворањето прозорец може да ви помогне да го извлечете вирусот од дома, или да ја намалите количината на аеросолни честички, што доведува до помал ризик од инфекција.

аучниците ги повикуваат луѓе да земаат додатоци со витамин Д за да го намалат ризикот од компликации поради инфекција со коронавирус, пишува Дејли Мејл.
Научниците, освен соодветен начин на исхрана, како мерка за обезбедување на доволно количество витамин Д препорачуваат и изложување на сончеви зраци кои низ кожата го поттикнуваат производството на тој витамин.

Доволно е само 10-15 минути дневно да се изложуваат на сонце лицето и подлактиците за да се создадат потребните количества витамин Д.

Лекарите од Велика Британија на своите сограѓани им советуваат да земаат до 10 микрограми дневно во текот на зимските месеци (од октомври до март), како и во текот на целата година доколку не поминуваат доволно време надвор.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close