MAMA

Во оваа земја следи казна затвор ако на дете му се пордаде пица или хамбургер

Првата држава што ја забрани продажбата на брза храна на децата со цел да се спречи дебелината и дијабетесот

Првата држава што ја забрани продажбата на брза храна на децата со цел да се спречи дебелината и дијабетесот

Мексиканската држава Оахака ја забрани продажбата на брза храна и шеќерните пијалоци на децата во обид да се намали распространетата застапеност на дебелината и дијабетесот.

Оахака е прва земја што ја презеде оваа мерка во Мексико, која има една од највисоките стапки на детска дебелина во светот, пишува Би-Би-Си. Прекршувањето на овој закон се казнува со затвор и можно затворање на компанијата, како и со затвор.

Погледнете ги овие интересни рецепти за неочекувани и поздрави верзии на брза храна сместени во книгата „Црвено, зелено, јади правилно“.
Станува збор за јадења како хот дог со банана, пица со овошје, немрсен домашен помфрит, здрави хамбургери и сладолед само од јогурт.

Книгата „Црвено, зелено, јади правилно“ е интересен домашен прирачник на педијатарката и специјалист за прекумерна тежина кај деца Џоана Долгоф, која покрај рецептите за здрава храна прилагодени за деца, ни претставува и информации за правилна исхрана, идеи за вежби за тело, т.е. бројни совети кои можат да го олеснат процесот на здравото слабеење.

Она што ја разликува оваа програма за слабеење од останатите е тоа што е осмислена врз основа на светлата на семафорот – црвено (стој), жолто (успори) и зелено (тргни) и е прилагодена на потребите и желбите на децата.

Бананадог

Време за подготовка: 3 минути

Состојки

1 лажичка путер од кикиритки
1 лесно пециво (од бело брашно или интегрално) за хот дог
1 банана
2 лажички мармалад без шеќер

Подготовка: Во внатрешноста на пецивото намачкајте путер. Ставете ја бананата во пецивото. Намачкајте го незасладениот мармалад врз бананата, поклопете и хот догот е подготвен за јадење!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close