Дом и семејство

Дали ќе ги изгубам парите ако не можам да продолжам да го плаќам животното осигурување?

На прашањето на нашата читателка одговори Јасминка Стојановска, лиценциран застапник за Осигурување во Македонија.

Фото: Илустрација

Ако имате прашање поврзано со сите типови (животно и неживотно) осигурување, слободно поставете го на нашите стручни лица кои се професионалци во оваа проблематика. Повеќе за ова можете да дознаете тука.

ПРАШАЊЕ

Сакам да направам полиса за Животно осигурување, но многу се плашам ако понатаму имам финансиски проблеми и после некоја година нема да можам да ги плаќам ратите? Дали во тој случај ќе ги изгубам вложените пари? 

Ви благодарам однапред.

 

ОДГОВОР

Во денешни услови, сосема оправдано прашање. Не знаеме што не чека, дали редовно ќе бидеме вработени и ќе имаме доволно средства за да штедиме. Бидејќи животните осигурувања се во суштина долгорочно штедење па донекаде и инвестиција, постојат и начини да го прилагодите плаќањето на годишните премии, без да се изгуби правото на осигурување, а при тоа да не ги изгубите и дотогашните инвестиции.

Во услови на финансиски потешкотии на располагање ви се следните опции:

Промена на годишната премија може да подразбира зголемување но и намалување, што во ситуација на криза ни е поважно. Ако до тогаш редовно сме плаќале премии, со оваа можност наједноставно можеме да се прилагодиме на новонастанатата финансиска ситуација а сепак да не го прекинеме осигурувањето.

Капитализација на осигурувањето подразбира регулирање на полисата на начин каде клиентот се ослободува од понатамошна обврска да ги плаќа годишните премии. Сепак осигурувањето сеуште е активно меѓутоа со намалена осигурана сума. Значи: не плаќаме премии повеќе години, не го раскинуваме договорот и не подигнуваме пари, но и понатаму до истекот на договорот ќе бидеме осигурани на помала сума.

Пауза на осигурувањето може да ни помогне ако полисата не можеме да ја плаќаме одреден рок кој знаеме дека нема трае повеќе од една година. Во тој период не постои обавеза за плаќање, но осигурувањето важи.

Во период на финансиски проблеми, различни можности се на располагање на клиентот затоа што од интерес на Осигурителната компанија е тој да ги надмине тие проблеми и да продолжи со плаќање на премиите, додека пак истовремено од интерес на клиентот е да ја оддржи својата долгорочна инвестиција.

Затоа од ваш интерес е да при секој проблем се консултирате со стручно лице кое ќе ви помогне да го изберете најсоодветното решение во вашата ситуација.

Јасминка Стојановска, лиценциран застапник за осигурување

Вашите прашања испраќајте ги на нашата редакциска адреса: info@stipka.com.mk

Напомена: Одговорите на нашите стручни лица се исклучиво од информативна природа, а за сите подетални информации во врска со оваа проблематика слободно обратете се на нашата е-маил адреса или на телефонскиот број +389 76 317 930.

Поставете го вашето прашање, тука сме да ви помогнеме!

 

 

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close